• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

dm drogerie markt со голем настан во Градскиот парк го одбележа Светскиот ден на животните

8 октомври 2025, 13:50
  • cподели

dm drogerie markt го одбележа Светскиот ден на животните со голем настан во Градскиот парк во Скопје, на кој ја претстави и донацијата на живеалишта за миленици на четири локални прифатилишта за кучиња во Македонија во износ од над 600.000 денари. Настанот се одржа во просторот пред кафулето Central Park и на едно место ги собра сопствениците на миленици, љубителите на животни, стручен ветеринар и многу случајни минувачи кои се најдоа во паркот.

Просторот пред Central Park во саботата беше исполнет со љубов, радост и позитивна енергија, а dm drogerie markt се осигура дека од настанот подеднакво задоволни ќе си отидат посетителите, но и нивните миленици.

dm

Како посебен дел од самиот настан беше организирана и акција за вдомување на животни, во која беа изложени имиња, фотографии и интересни факти за кучињата кои во моментов се згрижени во прифатилишта. Сите присутни беа информирани за ситуацијата на овие животни и dm ги повика да вдомат некое од нив доколку дома имаат услови за чување.

dm официјално ја претстави и донацијата во вид на живеалишта со вкупна висина од 600.000 денари за четири прифатилишта од земјата: Шепасти Ентузијасти, Кане Корзо, Хепи шелтер и Спаси Живот. Донацијата беше реализирана во форма на изработка и поставување на потребните куќички за кучињата кои се привремено згрижени во овие организации.

4ти октомври секоја година насекаде низ светот се одбележува како Ден на животните и служи како потсетник дека домашните миленици, но и сите останати животни, ја заслужуваат нашата љубов.

Dm drogerie markt токму од оваа причина уште еднаш ја потврди својата заложба дека е компанија која се грижи не само за луѓето, туку за целата заедница. Преку донацијата за згрижување на кучиња за четири прифатилишта за миленици dm испрати порака дека грижата за нашите крзнени пријателчиња почнува од нас самите, и од она колку сме ние подготвени да направиме за нив.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.