• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

dm drogerie markt донираше повеќе од 360 илјади денари на одделот за урологија при Градската општа болница „8. Септември“ во Скопје!

19 ноември 2022, 10:08
  • cподели

Компанија dm дрогерие маркт, која е позната на нашиот пазар како општествено одговорна компанија, по повод 19 ноември – Светскиот ден на мажите, а во рамките на светски познатата кампања „Movember“ донираше два цитоскоп апарата во вредност од повеќе од 360.000 денари на одделот за урологија при Градската општа болница – 8. Септември во Скопје. Со оваа донација, како и со целата кампања Movember, компанијата има за цел да ја поткрене свеста за редовните прегледи, како неопходен дел од борбата за подобрување и зачувување на машкото здравје.

,,Среќни сме што од година во година изнаоѓаме нови начини да го оправдаме филантропскиот принцип – еден од постулатите на нашата компанија. Покрај тоа што во текот на целиот месец преку различни активности ја подигаме свеста за постоењето и превенцијата на машките болести, со оваа донација даваме и придонес на една од институциите кои работат конкретно на оваа проблематика, а ова нè прави особено горди’’ – изјавуваат од компанијата.

Донација dm

Ноември, или популарниот „Movember“ е месец во знакот на грижата на машкото здравје и ја нагласува важноста на свесниот начин на живот и редовни здравствени контроли. Ракот на простата е втор најчест карцином кај машката популација, додека ракот на тестисите е најчестиот облик на рак кај мажите на возраст меѓу 15 и 34 години, а редовните прегледи се најзначајниот фактор за превенција. Грижата за машкото здравје не треба да се гледа како слабост или да биде фокусирана само во еден месец. Само со заедничка посветеност и заеднички сили може да се развие свеста за значењето на редовните прегледи, а со оваа донација на dm и да се подобри квалитетот на здравствените прегледи.

dm дрогерие маркт, благодарение на постојаното вложување во здравствениот сектор е етаблиран како пријател на македонските здравствени институции. Во изминатата деловна година, компанијата донираше повеќе од 5,3 милиони денари во општествено одговорни цели. Меѓу другото, во текот на оваа година компанијата донираше повеќе од 1,6 милиони денари за подобрување на условите за родилките во пет јавни клиники во земјава!

Tags
dm drogerie markt

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.