• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

dm drogerie markt донира над 1.6 милиони денари за подобри услови за родилките низ земјата

8 ноември 2022, 14:14
  • cподели

Компанијата dm донира повеќе од 1.6 милиони денари во опрема и апарати, како и во подобрување на условите за работа во пет јавни клиники во Македонија меѓу кои се: ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурат“ - Гостивар, ЈЗУ Општа болница - Охрид, ЈЗУ Клиничка болница - Штип, ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје.

Донација од dm

Со оваа донација компанијата има за цел да даде свој придонес во поддршка на мајчинството и на трудниците, односно да им обезбеди подобри услови во сите фази од бременоста. Опремата и апаратите што се користат во гинеколошките одделенија, а кои што сега ќе бидат модернизирани со средства од dm, на медицинските лица ќе им помогнат уште поефикасно да го следат целиот тек на бременоста. Помошта за гинеколошките клиники ќе значи и подобрени услови и за новороденчињата, како и за мајките по породувањето. Идејата на компанијата е да придонесе при креирањето услови за пријатна бременост за секоја жена.

Донација од dm Донација од dm

„Како општествено одговорна компанија инвестираме во заедницата во која што делуваме, трудејќи се да опфатиме широк круг на институции и на здруженија. Годинава го започнавме проектот за обнова и за подобрување на условите во гинеколошко-акушерските оддели на клиниките во Македонија кои се важен дел од здравствениот систем. Во првата фаза од овој проект опфативме пет клиники од кои две во Скопје и по една во Гостивар, Штип и во Охрид. Нашата цел е проектот да го продолжиме во повеќе клиники низ државата. Општествениот ангажман и одговорноста кон заедницата се секогаш на врвот на приоритети на нашата компанија“ велат од dm drogerie markt.

Опремата и апаратите се веќе испорачани и ќе бидат на располагање во петте јавни клиники низ Македонија.

Донација од dm

dm drogerie marktе познат кај широката јавност како компанија што е заснована и која што целосно се придржува до принципите на општествена одговорност. Изминатата деценија, преку најразлични активности и проекти компанијата потврди дека постојано црпи инспирација од заедницата во која што работи и токму затоа помага во нејзиниот континуиран развој. Само во деловната 2021/22 година, dm drogerie markt донира рекордни 5.3 милиони денари во проекти од најразлични области.

Комерцијален текст

Tags
dm drogerie markt

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.