• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

dm донира 559.342 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани преку „Свети Спас“

2 декември 2025, 11:26
  • cподели

Седма година по ред, dm дрогерие маркт успешно ја спроведе својата иницијатива „Giving Friday“, претворајќи го денот на најголемите попусти во ден на дарежливост и солидарност. 

На 29 ноември, со поддршка на своите верни купувачи, компанијата успеа да собере импресивни 559.342 денари. Овие средства, кои претставуваат 5% од вкупниот дневен промет од сите dm дрогерии, ќе бидат наменети за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку хуманитарната организација „Свети Спас“. 

Giving Friday на dm

„Иницијативата 'Giving Friday' стана симбол на заедништво и добрина во нашата заедница. Горди сме што секоја година расте свеста за важноста на помагањето, а поддршката од купувачите тоа најдобро го докажува. Секоја посета на dm дрогериите на овој ден не беше само обично купување, туку придонес кон една поголема, хумана цел. Заедно, уште еднаш покажавме дека добрината е нашата најголема сила,“ изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm. 

Од 2019 година, dm ја спроведува оваа општествено одговорна иницијатива под слоганот „Giving is the new black“. Последниот петок во месец ноември, наместо попусти, dm донира 5% од дневниот промет остварен во сите dm дрогерии во земјата, со цел да ги вклучи своите купувачи во една голема филантропска акција која ја поттикнува солидарноста и хуманоста.
 

Tags
dm

Најнови

  • Д-р Драгана Емел Маркоска

    „Најчестиот симптом годинава е висока фебрилност која трае дури и неколку денови“: Д-р Драгана Емел Маркоска за актуелниот бран на грип

    Fri, 01/16/2026 - 17:10
  • Филип Морис

    Филип Морис Интернејшнл по десетти пат прогласен за најдобар работодавач во светски рамки

    Fri, 01/16/2026 - 16:27
  • Denkmit

    Кажете им збогум на прашината и дамките со производите од dm продавниците, по секогаш поволни цени

    Fri, 01/16/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.