Џорџина Родригез во кожен комбинезон пристигна во Кан на првото појавување во јавност по загубата на новороденото синче
Џорџина Родригез им се врати на професионалните ангажмани еден месец по породувањето.
Популарниот модел денеска пристигна во Кан и веднаш го привлече вниманието на фоторепортерите пред култниот хотел „Мартинез“.
Ова е прво нејзино појавување во јавност откако ја донесе на свет ќерката Бела Есмералда и го загуби на породување малиот син.
28-годишната вереница на Кристијано Роналдо беше фотографирана во црн кожен комбинезон, портокалова чанта од Ермес и очила за сонце од Баленсијага.