Џиџи Хадид се бакнува со Бредли Купер откако бившиот Зејн Малик призна дека никогаш не бил вљубен во неа
Романсата меѓу Џиџи Хадид и Бредли Купер продолжува да се вжештува.
51-годишниот актер беше уловен додека се бакнуваше со 30-годишната манекенка во Њујорк, а папараците не пропуштија да го уловат овој момент на нежност. Џиџи беше облечена во долг мантил, а Бредли носеше кафеаво палто и црна капа.
Деновиве внимание привлекува гостувањето на поранешниот партнер на Џиџи, Зејн Малик, во подкастот „Call Her Daddy“ кај Алекс Купер. Тој отворено зборуваше за татковството и љубовниот живот.
Пејачот, кој има ќерка со Џиџи, призна дека никогаш не бил заљубен во неа.
Запрашан дали и понатаму стои зад својата изјава од минатото дека никогаш не бил заљубен, Малик одговори:
„Да, затоа што моето разбирање за љубовта постојано се развива. Во тој момент можеби мислев дека тоа е љубов, но како што стареам, сфаќам дека можеби не било. Можеби била страст. Можеби било ова, можеби било она. Не чувствувам дека тоа била љубов.“
„И, за да бидам фер, само да го кажам ова јавно, јас секогаш ќе ја сакам Џиџи, затоа што таа е причината поради која моето дете е на овој свет. Имам најголема почит кон неа. Секогаш ќе ја сакам. Но, не знам дали некогаш навистина бев заљубен во неа“ – изјави тој.
Малик нагласи дека разбира како неговата првична изјава можела да биде сфатена во јавноста.
„Бидејќи и кога го кажав тоа, мислам дека луѓето го сфатија на поинаков начин. Затоа сакам да бидам јасен. Имам огромна почит кон таа жена и ја сакам, навистина многу. Но, да, не мислам дека во тој момент бев заљубен во неа. Инаку ќе бев подобра верзија од себеси“ – рече Зејн.
Бредли и Џиџи потврдија дека се во врска на почетокот од 2024 година откако долго време се шпекулираше дека се заедно. И Купер има една ќерка од врската со бившата Ирина Шајк.
