• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Џеси Џеј го покажа стомакот 11 дена по породувањето, порачувајќи им на новите мајки: „Славете го новото тело“

16 јуни 2023, 07:30
  • cподели

Џеси Џеј е среќна што зачекори во светот на мајчинството и се одушевува на чудото кое може да го направи женското тело.

Славната пејачка сподели фотографија на која позира 11 дена по породувањето, за да пренесе порака до новите мајки да го слават своето тело.

Џеси Џеј

Прочитајте ја нејзината порака:

Го пишувам ова за мене и за секоја друга личност на која ѝ треба да го прочита ова.

Твоето тело беше дом за некој да живее 9 месеци.

Твоите органите беа поместени и треба да си го најдат местото на кое беа претходно.

Твојата матка сè уште бавно се издувува.

Твоите хормони летаат и паѓаат.

Твоето тело работи повеќе отсекогаш.

Ти си исцрпена, но ти си магична.

Ти порасна цел човек.

Човек кој е со тебе во сето ова и те сака неизмерно.

Земи си време.

Биди добра кон себе, твоето тело и твојот ум.

Запомни дека се опоравуваш и не заборавај да ги потсетиш сите околу тебе.

Слави го своето ново тело.

МОРАШЕ да се промени.

Ќе биде поголемо и помало на различни места.

ТОА Е УБАВО и ПРИРОДНО.

Игнорирај ги шепотењата на некои луѓе кои ќе кажуваат како треба или не треба да изгледаш по одредено време. 2023 година е. Луѓето треба да се смират. Време е да се придвижиме напред, а не да се враќаме назад.

Тоа е твоето патување.

Твоето време и твоето тело. Не е исто како на некој друг и тоа е она што го прави посебно. Ти си единствена.

Ова беше моето тело 11 дена по породувањето и сè уште изгледам речиси исто, по 35 дена.

Го сакам моето тело. Тоа ми го даде најмагичниот цимер внатре и надвор од моето тело.

И кога ќе биде подготвено и способно повторно да се промени. Како и да би изгледало тоа. Јас сум тука за тоа.

Одлично се справуваш Мамо!

Џеси се породи минатиот месец. Во 2021 година таа доживеа спонтан абортус, а пред 5 години откри дека докторите ѝ велеле дека никогаш нема да може да има деца.

Ова е прво дете на Џеси и Чанан Сафир Колман и го доби името Бен Шели.

Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј
Tags
Џеси Џеј

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.