Џенифер Лопез ги истакна облините во бел фустан, откако блесна во сребрена креација од Мелина Џиновиќ
Џенифер Лопез недискутабилно има огромна мрежа обожаватели. Славната пејачка редовно ја полни салата во Лас Вегас забавувајќи ја публиката со спектакуларно музичко шоу.
По завршувањето на последниот концерт, 48-годишната музичка ѕвезда сподели фотографии на кои позира во бел фустан кој одлично ги истакнува нејзините облини.
Концертот на Лопез го проследи и Гвен Стефани.
Претходно, Џеј Ло позираше со фановите во сребрена креација од Мелина Џиновиќ, сопругата на Харис Џиновиќ.
Погледнете дел од костимите на Џенифер за концертите.
