Џенифер Лопез и Алекс Родригез беа гости на свадбата на нивни пријатели во Њујорк.
Славниот пар изгледаше беспрекорно елегантно додека се упатуваше во ресторанот „Cipriani Wall Street“ за свадбената прослава во Големото јаболко.
48-годишната пејачка како магнет привлекуваше погледи во припиена креација. Фустанот, кој одлично ги истакна облините на Џеј Ло, е дело на Мелина Џиновиќ, сопругата на пејачот Харис Џиновиќ.


















Ова не е првпат Лопез да избере креација од брендот Hamel, зад кој стои Мелина. Погледнете и други нејзини модни избори токму од босанската дизајнерка.





