• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Џејми Дорнан од „Fifty Shades of Grey“ ја доби третата ќерка со сопругата Амелија

1 април 2019, 08:47
  • cподели

Џејми Дорнан и неговата сопруга Амелија Ворнер ѝ посакаа добредојде на третата ќерка.

Џејми Дорнан и Амелија Ворнер

Веста ја објави 36-годишната актерка на Денот на мајката, кој во Британија се одбележуваше на 31 март. Во објавата на Instagram, таа сподели фотографија од три пара женски обувки и напиша: „Многу сум горда на овие три прекрасни девојчиња, чест ми е да сум нивна мајка... Денес се чувствувам неверојатно среќно“.

Џејми Дорнан и Амелија Ворнер

Со истата фотографија 36-годишниот актер ѝ го честиташе празникот на својата сакана. „Три прекрасни девојчиња за Џејми и Амелија. Среќен да ѝ е Денот на мајката“ – напиша Дорнан.

Неодамна, во шоуто на Џими Кимел, Џејми зборуваше за зголемувањето на неговото семејство. „Дел од мене чувствува дека е време да се стави крај по ова. Но, чувствувам и дека правиме одлични деца. Можеби, ако сака мојата сопруга, ќе правиме додека не можеме повеќе да правиме. Сè зависи од неа. Јас го правам забавниот дел“ – се пошегува тој.

„Понекогаш сме фрустрирани, најчесто кога патуваме со децата, но никогаш не дозволуваме тоа да врие и да прерасне во проблем. Познаваме парови кои кршат чинии, но тоа не сме ние. Мило ми е што не сме ние, чиниите се скапи“ – продолжи тој.

Парот стапи во брак во 2013 година и има уште две ќерки – 5-годишната Долси и 3-годишната Елва.

Џејми Дорнан и Амелија Ворнер Џејми Дорнан и Амелија Варнер Џејми Дорнан и Амелија Варнер Џејми Дорнан и Амелија Варнер Џејми Дорнан и Амелија Варнер Џејми Дорнан и Амелија Варнер
Tags
Џејми Дорнан
Амелија Ворнер

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.