Изминатите денови, Џејла Рамовиќ беше во фокусот на медиумските наслови поради видеото од бакнежот со Јаков Јозиновиќ.
Додека се очекува да се потврди дали славните музичари навистина се во врска, 24-годишната пејачка блесна во модерен стајлинг во кој изгледаше фантастично.
Убавата Босанка сподели фотографии и видео на кои позира во сина креација со чипка и долги ракави. Својот моден избор, таа го надополни со елегантни бели салонки.
Видеото од бакнежот го објави Јаков, а по неколку минути го избриша од социјалните мрежи.