Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ се во врска, се бакнуваа на јахта во видео кое го избриша од Instagram
По долги шпекулации, Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ потврдија дека се во врска.
На Instagram, 20-годишниот пејач сподели видео во кое се бакнува со 24-годишната пејачка додека уживаат на јахта со заеднички пријатели. Она што привлече многу внимание, беше тоа што Јаков го отстрани видеото од Instagram кратко по објавувањето.
Неговата песна „Рај“ се слуша на летното видео.
Гласините за нивната блискост започнаа уште по нивниот заеднички настап во Сава Центар, каде публиката веднаш ја забележа силната хемија меѓу нив. Самата Џејла неодамна во едно интервју призна дека меѓу нив постои посебна енергија:
„Ја почувствувавме таа убава енергија уште додека бевме таму и додека ги правевме пробите. Прекрасно се чувствувавме и по концертот, уште пред сè да стане вирално“ – изјави таа.
Таа тогаш откри и еден детаљ кој сега добива сосема поинакво значење:
„Јас сум од оние кои никогаш не гледаат ништо што е поврзано со мене – ниту интервјуа, ниту настапи. Ништо не прегледувам накнадно. Но, тоа видео од настапот заљубено го гледав дури 10 пати“ – признала Џејла со насмевка.
@nastupi_poznatih00 Dzejla Ramovic I Jakov Jozinovic Javi trebaš li me 🔥 koncert u Sava Centru #dzejla #dzejlaramovic #jakovjozinovic #koncert #bosnia🇧🇦 ♬ original sound - nastupi_poznatih