Џастин Бибер добил 10 милиони долари за да пее на претсвадбена прослава на синот на најбогатиот Индиец
Џастин Бибер отпатува во Мумбај, Индија, за да настапи на претсвадбената прослава на Анант Амбани и Радика Мерчант.
28-годишниот син на најбогатиот човек од Индија и неговата сакана ќе стапат во брак кон средината на месецов, а по тој повод организираа повеќе забави. Според информации на странските медиуми, Бибер добил 10 милиони за да им пее на гостите на идните младенци и нивните гости, сума која што е далеку повисока од онаа што тој ја наплаќа за да настапи на приватни настани.
30-годишниот пејач објави видеа и фотографии од настанот.
Тој ги отпеа своите хитови, меѓу кои и „Baby“, „Love Yourself“ и „Peaches“ за време на приватниот концерт.
Веднаш по забавата, Бибер се врати во Америка за да биде покрај својата сопруга Хејли, која е бремена со нивното прво дете.
Анант е син на Мукеш Амбани, кој, според Forbes, е најбогатиот човек во Азија со богатство од 123,4 милијарди долари.