• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Џамбазов и Левенска со моќен перформанс: „Еве ја таа проста земја што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски, а никој не ја знае“

12 август 2026, 13:26
  • cподели

Игор Џамбазов и Драгана Левенска синоќа ги одушевија битолчани со моќен перформанс кој допира до срцето на секој Македонец.

Познатиот македонски актер ја започна изведбата на караванот „Силно светнал ден“ со зборовите на Анте Поповски: 

„Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонце.

О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае“.

Драгана продолжи со „Нашинска“ од Гане Тодоровски, па се редеа стиховите на „Тешкото“ од Блаже Конески, „Фуснота без повод“ на Гане Тодоровски и „На кинисуење“ од Коле Неделковски.

Игор беше водител и раскажувач на манифестацијата, која се одржува по повод 35-годишнината од независноста на Македонија и претставува музичко-сценско патување низ различни периоди од македонската историја, култура и уметност.

Проектот, во режија на Дејан Пројковски, ги обединува музиката, театарот и поезијата, а во него се вклучени повеќе од 30 македонски изведувачи.

Tags
Игор Џамбазов
Драгана Левенска

Најнови

  • Органодарителство

    Семејство со хумана одлука спаси два човечки живота: Две нови трансплатации на органи во Македонија

    Wed, 08/12/2026 - 13:45
  • Џамбазов и Левенска со моќен перформанс: „Еве ја таа проста земја што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски, а никој не ја знае“

    Wed, 08/12/2026 - 13:26
  • Ана и Игор Дурловски

    Оперскиот пар Игор и Ана Дурловски со моќна изведба на „Љуби ме и главата горе“ во Битола

    Wed, 08/12/2026 - 11:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.