Дизниленд, Ајфеловата кула... Миро Кацаров со сопругата Ивана и малите деца на патување во Париз
Мирослав Кацаров уживаше на семејно патување во Париз.
Македонскиот водител и сегашен в.д. директор на Универзална сала отпатува во Градот на светлината и љубовта со сопругата Ивана, нејзината ќерка Миа и нивното синче Тадеј.
Ајфеловата кула, Дизниленд… среќниот брачен пар на Instagram сподели фотографии и видеа преку кои пренесе дел од атмосферата и местата кои ги посети.
„Среќата е едноставна: јас, ти и нашето девојче“ - напиша Ивана на фотографијата со Миро и Миа.
Миро и Ивана стапија во брак во септември 2023 година. Нивното синче се роди во ноември минатата година, додека Миа е ќерка на Ивана од првиот брак.
Говорејќи за мајчинството и воспитувањето, Ивана во интервју за Фемина сподели:
„Треба да бидам строга, но не можам – не ми е таков карактерот. Знам кај треба да се поправам кога попуштам, знам каде грешам кога купувам и знам каде давам повеќе отколку што треба.“