Девојката на Леонардо Дикаприо блесна на премиерата на неговиот нов филм на Канскиот фестивал
Камила Морон, девојката на Леонардо Дикаприо, со беспрекорно елегантен изглед блескаше вечерва на црвениот тепих во Кан.
21-годишната убавица не позираше заедно со Дикаприо, со кого е во врска година и половина, но го поддржа со самото присуство на гламурозната свеченост по повод неговиот нов филм „Once Upon A Time In Hollywood“.
Префинетиот фустан со пердуви од модната куќа Miu Miu, Камила го надополни со скапоцен накит од Bulgari.
44-годишниот Дикаприо дефилираше пред фоторепортерите со своите колеги – Бред Пит, Марго Роби и Квентин Тарантино.
