• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Девојка ослабе 65 кг и сега смело им „дава корпа“ на момчињата кои ја нарекуваа дебела

10 октомври 2016, 11:38
  • cподели

Кој последен се смее, најслатко се смее.

Девојка, која тежела 143 килограми и била нарекувана „дебела“, ослабе 65 килограми и им „дава корпа“ на момчињата кои во минатото жестоко ја навредувале, а сега сакаат да се состануваат со неа.

Ема Поуп Ема ПоупЕма Поуп пред големата трансформација, кога тежела 143 кг Ема Поуп Ема Поуп Ема Поуп Ема Поуп Ема Поуп

Ема Поуп постојано била навредувана на училиште поради нејзината тежина, но никогаш не кажала никому за тоа. Таа одлучила да ја започне големата трансформација на 17-годишна возраст, кога за време на натпревар во одбојка неколку момчиња започнале да ѝ довикуваат да го тргне дебелиот задник од теренот.

„Бев многу малтретирана на училиште, но никогаш не им кажав на моите родители. Чував сè во себе и никогаш не кажав ништо за навредливите коментари кои ми ги упатуваа децата. Беа ужасни кон мене. Постојано ме викаа „дебела девојка“, но најлошиот момент за мене се случи за време на натпревар во одбојка кога бев малтретирана поради облеката која ја носев.“

„Неколку момчиња викаа дека треба да го тргнам мојот дебел задник од игралиштето и толку многу ме разлутија, што мораше да ме извадат со полиција“ – признала 23-годишната девојка од Тексас.

Ема Поуп Ема Поуп Ема Поуп Ема Поуп Ема Поуп

Кратко време откако започнала да го менува изгледот, Поуп ја контактирале истите момчиња кои претходно ја малтретирале за да ѝ се извинат, но и за да флертуваат со неа.

Ема Поуп Ема Поуп

„Добивав пораки од момчиња кои ми се извинуваа и ми велеа дека се изненадени од мојот сегашен изглед. Мислам дека не очекуваа да се претворам во ова што сум и зажалија што беа толку ужасни. Се сомневам дека се извинуваат поради нивната добродушност, дефинитивно има скриен мотив, па ако се обидат да флертуваат со мене, веднаш ги одбивам“ – вели Ема.

Стоун, која студира за да стане медицинска сестра, сега вежба четирипати неделно и се храни здраво. Нејзиното дневно мени брои околу 2.000 калории. Таа вели дека сака да биде пример за своите пациенти. „Откако ќе дипломирам, сакам да бидам најдобриот можен пример, а не сакам да бидам нездравата личност која им дава совети на болните за нивните животи“ – вели таа.

Ема сега со насмевка се сеќава на навредливите коментари од минатото. „Сега се смеам на злобните коментари кои некогаш ме вознемируваа и со кои тешко се справував, бидејќи изгледам и се чувствувам одлично“ – вели таа.

Ема Поуп Ема Поуп Ема Поуп Ема Поуп Ема Поуп Ема Поуп Ема Поуп
Tags
слабеење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.