Почетна » Новости » Занимливости » Драстична трансформација на девојка која ослабела 32 килограми

Драстична трансформација на девојка која ослабела 32 килограми

Девојка, која некогаш тежела 101 килограм, успеала да стопи 32 кг и целосно да го трансформира својот изглед.

Кили Фарар Кили Фарар

25-годишната Кили Фарар од Бедфорд, Англија, пред големата трансформација се хранела само со кинеска храна, хамбургери, чипс и чоколадо. Сепак, не ни помислувала дека на 21-годишна возраст ќе тежи над 100 килограми. „Ми се чинеше како да сум заглавена во рутина. Си помислив дека ќе останам таква цел живот. Но, откако изгубив дел од мојата тежина, сфатив дека можам да се променам“ – изјавила таа.

Кили Фарар

Со упорност, здрава исхрана и многу физичка активност, Кили се променила до непрепознатливост. Поради слабата фигура и новиот имиџ, дури ни нејзините пријатели не можеле да ја препознаат на фотографиите на Facebook, а наишла на проблем кога се обидела да замине на одмор со нејзиниот партнер, бидејќи цариниците биле збунети од фотографијата во нејзиниот пасош. „Речиси не ме пуштија да отпатувам во Дубаи зашто личноста од фотографијата во пасошот не наликуваше на мене“ – рекла таа.

Кили Фарар Кили Фарар Кили Фарар

Фарар сега има здрава телесна тежина од 72 кг и се обидува да им покаже на луѓето дека не треба да се откажат од храната за да ослабат.

„Сега тежам 72 кг, но моето тело изгледа сосема поразлично. Ги стопив мастите на најтврдоглавите места и си го тонирав телото на делови на кои не ни помислував дека можам да го направам тоа. Имам голема страст кон тоа да бидам здрава и да ги правам правилните избори. Сакам другите да видат дека можеш да јадеш (разумно) сè што посакуваш и да постигнуваш резултати“ – вели таа.

Кили Фарар Кили Фарар

„Започнав да слабеам единствено за себе. Навистина верувам дека ако нешто не го посакуваш, нема ни да го постигнеш“ – додава Фарар.

Кили Фарар Кили Фарар Кили Фарар Кили Фарар Кили Фарар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12088 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.