• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Девојка која поради анорексија беше на работ на смртта, сега гордо ги покажува облините и стриите

26 март 2018, 08:20
  • cподели

Девојка, која на 20 години тежела колку 5-годишно дете и повеќе од една деценија била заробена во канџите на анорексијата, денес инспирира со својата приказна.

Кони Инглес веќе две години успешно закрепнува од живото-загрозувачкото нарушување во исхраната, кое ја довело до работ на смртта.

На Instagram, Кони сега гордо го покажува своето тело со сите „несовршености“. „Не мора секоја личност постојано да изгледа како модел на Victoria’s Secret“ – вели таа, објаснувајќи дека не поставува филтри и не користи Фотошоп на фотографиите кои ги споделува. „Сакам да покажам како изгледа едно нормално тело“ - додава Кони.

A post shared by Connieositive.beats.perfect (@my_life_without_ana) on Oct 12, 2017 at 10:49am PDT

„Искрено не ми беше гајле дали ќе живеам или ќе умрам. Само сакав да ја изгубам целата тежина. Сè. Бидејќи стигнав до степен кога тоа што сум во болница не беше доволно. Единственото нешто кое ќе беше доволно беше моето срце да престане да чука. Само тоа ќе ја задоволеше мојата анорексија“ – раскажува Кони во интервју за BBC.

Во девет години, Кони била хоспитализирана три пати. Клучниот момент кога таа се свестила дека си го уништува здравјето, било кога докторите ѝ рекле дека ќе ѝ останат само уште неколку недели живот доколку сериозно не се посвети на закрепнување.

Кони Инглес Кони Инглес Кони Инглес

„Најпрво, сакам да кажам дека не го споделувам ова за да покажам колку бев слаба, или колку добро напредувам. Ова го споделувам со надеж дека ќе ви покажам дека без разлика колку се чувствувате изгубени, можете да избегате. Можете да пронајдете среќа повторно!!!“ – пишува Кони.

„Минатата година бев вклучена во програма за ментално здравје. Бев толку болна и правев сè што можев да смислам за да не јадам ништо. Се откажав. Моето нарушување во исхраната преовладуваше и сакав да умрам. Но, откако ме вклучија во програмата бев принудена да се опоравам. Ми беше поставена назогастрична сонда. Бев принудена да гледам како бројката на вагата расте со секоја измината недела и јас не можев да направам ништо за тоа. (Не дека не се обидов). Минатата година бев тотален хаос.“

„Но, луѓето кои ги сакав останаа покрај мене. Моите најдобри пријатели и моето момче постојано доаѓаа да ме посетат и моите родители беа покрај мене цело време. Тие беа таму за да ме потсетат дека треба да се обидам. Па, се обидов. За првпат во животот сфатив дека ги сакам овие луѓе повеќе од сè. Затоа се борев, се борев со сите сили“ – дополни таа.

Кони Инглес Кони Инглес Кони Инглес Кони Инглес Кони Инглес Кони Инглес Кони Инглес Кони Инглес Кони Инглес Кони Инглес

Денес Кони е среќна и весела девојка, која инспирира бројни млади лица да си го сакаат своето тело онакво какво што е.

Tags
анорексија

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.