• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Детската градинка Little Mе се погрижи за сите дечиња на WITCON Конференцијата за бизнис и технологија, одржана во хотел Мериот

20 мај 2024, 16:35
  • cподели

Скопје, 20.05.2024 - Изминатата сабота, во Скопје се одржа WITCON Конференција за бизнис и технологија. Ова беше второ издание на конференцијата, организирана од Women in Tech Macedonia, каде што технолошките и деловните професионалци споделија знаења, искуства, но и најнови трендови од индустријата. Низ целодневната агенда, повеќе од 30 говорници ги споделија своите искуства, а посетителите имаа прилика да истражат можности за стекнување нови знаења во бизнис светот. WITCON е конференција посветена на истражување на пресекот на иновациите, технологијата и претприемништвото.

Little Mе Little Mе Little Mе

Конференцијата помина во одлична атмосфера, со голем број посетители, а на ововогодинешното издание, за прв пат беше поставено детско катче под покровителство на приватната детска градинка Little Me. За прв пат во Македонија, сите родители имаа можност да ја посетат WITCON конференцијата и целосно да уживаат, додека за нивното дете од 3 до 6 години, се грижат вистински професионалци.

Благодарение на професионалноста на тимот од Little Me, настанот беше успешно реализиран, затоа што детското катче беше вистинско олеснување за родителите и неверојатно искуство за сите дечиња. Во текот на целиот ден, децата имаа прилика да играат повеќе игри кои ја пробудија нивната љубопитност и го задржаа нивното внимание, а исто така, стекнаа нови пријателства.

Little Mе Little Mе Little Mе

Целта на тимот од Little Me беше преку игра и забава, децата да се едуцираат и да имаат едно поинакво, саботно доживување кое подоцна низ насмевка ќе им го прераскажат на своите родители, кои безгрижно ја проследија конференцијата. Во детскиот корнер беа создадени и најкреативните детски уметнички дела, а благодарение на воспитувачите, децата покажаа голем интерес за разговор со нив и со останатите дечиња, со што во детскиот корнер се разви неверојатна интерактивна атмосфера. За да уживате во љубопитните детски погледи, отворете го следниот линк: - https://www.instagram.com/p/C7MYNJyMa1N/.

Little Mе Little Mе Little Mе

Со ваквиот начин на работа и со постојаната иновативност, детската градинка Little Me, одново го покажува својот врвен квалитет и единственост и со повеќе од 7 години успех во грижата за најмладите, стана синоним за квалитет во предучилишното образование.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.