Се ближи крајот на годината, па како и секогаш YouTube сподели кои музички спотови беа најпопуларни во 2017 година.
Најпознатата платформа за споделување видеа објави листа со 10 музички видеа кои привлекоа најголемо внимание кај публиката, а секое од нив му припаѓа на машки изведувачи.
Сосем очекувано челното место го зазеде видеозаписот за мега-хитот „Despacito“ на Луис Фонси, а второто место му припадна на Ед Ширан за „Shape of You“.