• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Дерматолозите се едногласни Eucerin DERMOPURE CLINICAL е ефикасно и долгорочно решение против акни

2 октомври 2025, 19:06
  • cподели

Со акни се соочуваат 80% од адолесцентите и 40% од возрасните жени, што претставува 8-мо најчесто заболување во светот. Тоа за многумина претставува голем проблем кој влијае на самодовербата, на здравјето и за што се бара ефикасно и долгорочно рeшение. За да го најдеме најдоброто решение потребно е да ги знаеме и факторите кои предизвикуваат акни?

Токму на оваа тема стотина реномирани експерти дерматолози од земјава вчера во х. Хилтон имаа можност да дискутираат, да разменуваат искуства и да се информираат за најновите медицински решенија кои постојат за надминување на проблемот со акните.

Дерматолозите идентификуваа четири клучни причини: Прекумерното производство на себум поради хормонални или генетски фактори, што води кон блокирање на порите и појава на бели и црни точки. Тоа потоа предизвикува раст на бактериите, воспаление, појава на папули и пустули (воспалени акни), воспаление на местото коешто може да предизвика и видливи дамки по повлекување на акната. Дерматолозите едногласно заклучија дека комбинираната, масна и проблематична кожа бара посебна грижа, избор на квалитетна медицинска козметика што е клучна за одржување на квалитетот, свежината и здравиот изглед на кожата. Нивна препорака е колекцијата Eucerin DERMOPURE CLINICAL, која сега е во нов посмел дизајн, кој што уште посилно ги отсликува уникатните состојки и ефикасната формула.

Eucerin Eucerin

„Оваа колекција има моќни состојки како што е Ликохалкон А и технологија за регулирање на вишокот себум. Потоа Салицилната киселина која пенетрира во порите, ги отвара и го намалува растот и размножувањето на бактериите што предизвикуваат акни, а со тоа ја спречува нивната појава во иднина. Ликохалконот А е антиинфламаторна состојка, го намалува црвенилото и ја смирува иритацијата на кожата, а со регулирање на себумот се контролира и вишокот на производство на маснотии во кожата што е причина за појава на акни, овозможувајќи кожата да се обнови и да добие чист и рамномерен тен. Дел од производите го содржат и патентираниот Thiamidol кој ја намалува хиперпигментацијата и спречува појава на дамки. (THIAMIDOL ја инхибира ТИРОЗИНАЗАТА, што е најбезопасниот и најефикасен начин за намалување на хиперпигментацијата)”, изјави Соња Петрушеска дерматолог, и медицински претставник на Еуцерин за Македонија.

Eucerin

Колекцијата се состои од DERMOPURE CLINICAL гел за миење, кој ги таргетира нечистотиите, ги намалува трагите од мозолчиња и го контролира сјајот. Корективен гел за миење, пилинг за измивање, тоник за лице, матирачки крем флуид за лице, HYDRA REPAIR смирувачки хидратантен крем-флуид, и DERMOPURE CLINICAL корективен крем-флуид со тројно дејство (создаден да одговори на три клучни предизвици со коишто се соочува проблематичната кожа. Тој целосно ја контролира појавата на несаканиот сјај, овозможувајќи долготраен мат-ефект без да ги затвора порите, а истовремено превенира појава на нови акни и постинфламаторни хиперпигментации).

Производите се за деца над 12 години, а клиничките тестирања покажале подобрување на состојбата со акните кај дури 84% од пациентите. Првите видливи резултати при третман на дамки после акни се после 2 седмици, со континуирано подобрување после 12 седмици. Колекцијата содржи и корективен гел крем за тело и DERMOPURE CLINICAL PEELING 10 регенеративна крема за ноќна нега.

Eucerin

Еуцерин се грижи за масната и проблематична кожа и при изложување на сонце, па за нега на кожата на лицето е наменет Sun Oil Control гел-кремот со SPF 50+, а за нега на кожата на телото Oil Control Dry Touch Кремата за тело со SPF 50+.

Дерматолозите заклучија дека ако ве мачат акни треба да се знае дека нема краткорочно и брзо решение за акните. Користењето на агресивни производи даваат привид за инстант решенија, но всушност можат да ја влошат состојбата на кожата при долготрајна употреба. Со вклучување на таргетираните производи во дневната рутина на Еуцерин може да се успее во мисијата ефикасно справување со акните, но и одржување на здрава кожа на долг рок.

Eucerin

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.