• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

„Депозит плус“ од Шпаркасе Банка – со зголемена камата за штедење во евра

14 јули 2025, 11:00
  • cподели

Скопје, 14 јули 2025 – Шпаркасе Банка АД Скопје ги информира своите клиенти и јавноста дека денеска започнува нова промотивна понуда за штеден производ – „Депозит плус“, достапен во евра и со зголемена и загарантирана каматна стапка за целиот период на орочување.

Депозит плус

Минималниот износ на влог изнесува 100 евра, а понудата им овозможува на клиентите да изберат помеѓу два периода на орочување, во зависност од нивните преференции, и тоа:

  • 12 месеци со каматна стапка од 2,30%
  • 25 месеци со каматна стапка од 2,60%

Оваа промотивна понуда е валидна до 31 август 2025 година, овозможувајќи им на штедачите сигурност и предвидливост, во услови на постојани финансиски промени.

Штедењето е темел на личната и на семејната финансиска стабилност. Затоа, со „Депозит плус“ во евра, Шпаркасе Банка нуди штеден производ што е пред сè транспарентен, со загарантирани приноси за целиот период на орочување, достапен за секој клиент и со исклучително поволна фиксна каматна стапка. Штедењето во евра е особено атрактивно за граѓаните што сакаат преку своите заштеди да обезбедат стабилност во валута што е широко прифатена и користена во меѓународни трансакции.

„Нашата банка е дел од Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, која оваа година одбележува 200 години од своето основање – што е силен доказ за сигурноста, стабилноста и долгорочната визија што стои зад секој наш производ. Токму ова наследство, заедно со поволните услови, го прави штедењето во Шпаркасе Банка не само рационална, туку и мудра одлука за сите наши клиенти“ – изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.

Зошто е важно да се биде примател на плата во Шпаркасе Банка?

Посебна предност имаат примателите на плата во Шпаркасе Банка, кои добиваат единствена и персонализирана понуда, приспособена на нивниот профил и финансиски потенцијал.

Шпаркасе Банка е институција што не само што нуди конкурентни каматни стапки, туку на своите клиенти им овозможува сеопфатна и интегрирана банкарска услуга – од секојдневно банкарство до штедење, кредити и инвестиции. Секој клиент добива пристап до производи и решенија креирани според неговите реални потреби и финансиски цели.

За повеќе информации, заинтересираните клиенти можат да ја посетат најблиската експозитура на Шпаркасе Банка или да се информираат преку веб-страницата: www.sparkasse.mk.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.