• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Денес започнува Саем за деца и родители во Skopje City Mall

19 мај 2017, 14:42
  • cподели

Од денес во Skopje City Mall започнува Саемот за деца и родители и ќе трае сѐ до недела. Благодарение на различните активности кои се атрактивни за сите возрасти, настанот кој преминува во традиција, ќе ги спои семејствата со многу изненадувања и забава за сите, особено за најмладите.

Од трговскиот центар најавуваат натпревари со многу подароци, тимски игри, предизвици, караоке, диско за деца и креативни работилници. Магионичар ќе ги забавува сите со своите трикови и ќе го доближи магичниот свет до децата. Тука е и Kids Disco каде што децата заедно со маскоти ќе се забавуваат на диско музика. Своето знаење ќе можат да го покажат на филмски квиз со прашања од детските филмови каде ќе се доделуваат бесплатни билети за кино. Еден од поинтересните натпревари ќе биде натпреварот на семејствата, каде што ќе се натпреваруваат семејствo против семејствo во извршување на задачи како што се: препознај го своето дете со врзани очи, најбрзо сложување на сложувалка итн. На натпреварот за брзо повивање мажите ќе ги покажат своите татковски способности и ќе се натпреваруваат еден против друг.

Саем за деца и родители

И оваа година, сите кои ќе го посетат Skopje City Mall од 19 до 21 мај, ќе уживаат во шопинг на попуст со многу изненадувања во повеќето продавници за детска облека, играчки и други производи кои ќе достигнат и до 70%. Дел од нив се Sport Vision Kids, Extreme intimo, Просветно дело, Krsh, Carters, Baby blue, AMC, Wenice, Baby centar, Okaidi, Tea Colors и многу други.

Од Skopje City Mall најавуваат дека ќе ги наградат сите потрошувачи кои ќе купат производи во вредност над 1.500,00 денари, ќе добијат професионална семејна фотографија, на која ќе бидат облечени во костими (избор од 60 различни костими), а за професионален изглед ќе се погрижат театарски шминкер и фризер.

Сите кои сакаат да бидат дел од настан кој измамува насмевки и буди моменти на вистинска среќа, се добредојдени викендов да го посетат Skopje City Mall. Целосната програма може да ја погледнете на www.skopjecitymall.com/saemzadeca.

Промотивен текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.