• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Денес е Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените

25 ноември 2013, 14:37
  • cподели

25 ноември е Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените и почеток на глобалната кампања „16 дена активизам против половото насилство“.

Целта на кампањата е зголемување на свеста и преземање на конкретни мерки за прекинување на насилството врз жените и девојчињата.

Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените

Темата оваа година е „Orange the World in 16 Days“. Секој може да се вклучи во кампањата со објавување на фотографија со пораката „Носам портокалово затоа што...“

Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените

Обединетите Нации го прогласија 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, инспирирани од бруталното убиство на сестрите Мирабал, политички активистки во Доминиканската Република во 1960 година.

Не постои земја во светот која не е засегната од овој глобален проблем. Според Светската здравствена организација, 35% од жените во светот се жртви на физичко или сексуално насилство. Во одредени земји до 70% од жените во текот на животот настрадале од сексуално или физичко насилство од страна на својот интимен партнер.

СЗО истакнува дека насилството има долгорочни последици врз психичкото и физичкото здравје на жените. Жените со насилен партнер почесто страдаат од депресија и проблеми со прекумерно консумирање алкохол и почесто се соочуваат со несакана бременост и абортус, како и сексуално преносливи инфекции меѓу кои и ХИВ.

За жал, во Македонија е зголемен бројот на брутални случаи на семејното насилство.

Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените

Обраќање на Бан Ки-мун

Tags
семејно насилство

Најнови

  • Дами во црно: Каролина Гочева во шоуто на Цеца

    Tue, 02/24/2026 - 17:46
  • Лили Колинс и Одри Хепберн

    Лили Колинс ќе ја оживее незаборавната Одри Хепберн во филм за снимањето на „Појадок кај Тифани“

    Tue, 02/24/2026 - 16:45
  • Бред Пит со саканата Инес де Рамон пристигнаа во Грција

    Tue, 02/24/2026 - 14:42
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.