Дејан Манасков стана татко 4 недели по свадбата, неговата сопруга Билјана роди момче кое го доби името...
Дејан Манасков и Билјана Стојановска станаа родители.
Три недели по крунисувањето на нивната љубов со брак, популарниот ракометар и неговата избраничка добија синче, кое го доби името Давид.
Убавата вест ја сподели Тамара Тодевска на која Дејан и Билјана ѝ се кумови.
„Добре дојде на овој свет“ – напиша таа и ги откри полот и името на бебенцето, честитајќи им на новите родители.

Дејан и Билјана стапија во брак на крајот од јануари. На фотографиите од свадбата се гледа нејзиното големо трудничко стомаче.
