• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Децата кои учат во средина со зелен и уреден школски двор остваруваат подобри школски резултати

19 септември 2025, 12:52
  • cподели

Уредените зелени површини во школските дворови ги поттикнуваат учениците почесто да се дружат на отворено, помалку време да поминуваат со мобилните телефони, да израснат во здрави социјални битија. Уредените школски градини, влијаат позитивно на психофизичкиот развој на децата, поттикнуваат кај нив убави чувства, дури придонесуваат да бидат и подобри ученици. Овие дружења кај учениците ги зајакнуваат социјалните вештини, поттикнуваат другарство, емпатија, создаваат добро основа за во иднина.

dm

Зеленилото воопшто поттикнува, мотивира, придонесува децата да бидат посконцентрирани и посреќни, што индиректно придонесува кон остварување подобри образовни резултати. Ова го потврдуваат различни истражувања, и е сознание кое многу наставници и родители одамна го почувствувале.

Уредениот школски двор не е само украс – тоа е важен образовен ресурс. Зеленилото, дрвјата, цветните леи и природните сенки создаваат пријатна и инспиративна атмосфера која го поттикнува учењето, креативноста и физичката активност. Истовремено, природната средина има смирувачки ефект врз децата, намалувајќи го стресот и зголемувајќи ја нивната способност за фокус и соработка.

Секој ученик заслужува да игра и да учи во школо кое има уредена градина!

Токму затоа dm дрогерија започна со еко конкурс и иницијатива за озеленување на дворовите во основните и средните училишта низ земјава. Конкурсот е отворен од 16 септември 2025 и ќе трае до 31 август 2026 и е отворен за сите државни и општински градинки, основни и средни училишта на територијата низ Македонија. Во секој месец е возможно реализирање, урбано пошумување на максимално 2 училишни дворови. Учениците ќе бидат директно инволвирани во процесот на садење- проектот е од едукативен карактер и ќе има едукативен дел каде тие ќе учат како сами да ги садат и одржуваат насадените дрвца.

Повеќе детали за конкурсот може да најдете на следниот линк.

Инвестирањето во зелен и уреден школски двор е инвестирање во иднината на децата. Нивниот успех започнува токму таму, под сенката на дрвјата, во свежиот воздух и со насмевка на лицето.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.