Дарко Лазиќ скршен од болка и во солзи по трагичната смрт на брат му во сообраќајка: „Изгубив половина од мене“
Голема тага го обви домот на Дарко Лазиќ откако неговиот помлад брат Драган трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа со мотоцикл. Имаше само 32 години.
Српскиот пејач е скршен од болка поради трагедијата која се случи вчера на патот кон Шабац откако автомобил „Цитроен“ се судри со мотоцикл „Сузуки“ управуван од сега покојниот Драган.
Веста за несреќата брзо се прошири, а пред нивниот семеен дом во Брестач се собраа бројни пријатели, роднини и колеги кои сакаа да му дадат поддршка во најтешкиот момент.
И покрај огромната болка, Дарко накратко им се обрати на новинарите.
„Ќе бидам многу краток, не сакам многу да зборувам. Изгубив голем дел од себе. Сето ова ми падна многу тешко. Ве молам за малку разбирање… Немам веќе ни сила, ни зборови, ни солзи. Изгубив половина од мене, половина од мојот живот, половина од моето срце“ – рече пејачот низ солзи.
Драган беше две години помлад од својот брат и исто така се занимаваше со музика. Тие беа многу блиски и често поминуваа време заедно во семејниот дом во Брестач. Пред неговата смрт биле заедно во кафуле во Шабац.
Драган зад себе остави сопруга и две ќеркички.
Според информациите од истрагата, на возачот на автомобилот му одреден притвор до 48 часа поради сомнение за тешко дело против безбедноста во сообраќајот.