• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Дали ја знаете легендарната приказна за KFC и Полковникот Сандерс?

2 декември 2020, 17:36
  • cподели

На 65 години, возраст кога повеќето од нас би заминале во пензија и би уживале во своите златни години, полковникот Харланд Сандерс, основачот на KFC, ја започнал својата најголема авантура, а неговата цел била кристално јасна: што повеќе луѓе да го пробаат неговото неверојатно вкусно и крцкаво пилешко месо, кое се разликувало од сите останати.

Полковникот Сандерс

Долго пред да стане интернационален хит, полковникот Сандерс бил само обичен човек кој раководел со бензинска пумпа за време на големата депресија во Америка, каде што подготвувал и служел едноставни јадења меѓу кои и пилешко месо, како начин за дополнителна заработка. Неговиот претприемачки дух и љубовта кон добрата храна го поттикнале да отвори свој ресторан – местото каде што години подоцна го развил и усовршил тајниот рецепт од 11 билки и зачини, кој го дава врвниот и единствен вкус на пилешкото во KFC, како и уникатната фритеза, која го готви пилешкото под висок притисок, и на крилцата, копаните и филетите им создава неверојатно крцкава кора.

Врвен квалитет, неверојатен вкус и добра услуга се основните елементи врз кои се градат рестораните на KFC уште од самиот почеток, додека традицијата стара повеќе од 70 години прави овој бренд да биде еден од најпопуларните и најсаканите ширум светот. Исклучителната посветеност кон одржување на квалитетот, традицијата и историјата на брендот, од една страна, и храброто поставување современи трендови, од друга, е тоа што ги прави KFC единствени.

Полковникот Сандерс Полковникот Сандерс

Секој ден, повеќе од 15 милиони гости ги посетуваат рестораните на KFC низ целиот свет, во потрага по врвното пилешко месо кое ја има добиено титулата „Golden Chicken Standard“. Рачната подготовка од страна на специјално обучени готвачи кои исклучително го користат препознатливиот KFC рецепт е единствениот начин да се создаде уникатниот вкус што сите го обожаваме.

Полковникот Сандерс

Денес KFC е далеку од своите скромни јужноамерикански корени, со повеќе од 18.000 ресторани во 115 земји низ целиот свет. Познатата кофичка со ликот на полковникот Сандерс не е само симбол за задоволување на апетитот со неверојатно добро јадење, туку глобален феномен кој ги зближува пријателите и го собира семејството на заедничка маса.

Комерцијален текст

Tags
KFC
полковникот Сандерс

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.