• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Дајте музика” во претпразнична општествено-одговорна мисија

30 декември 2019, 16:59
  • cподели

Во екот на претпразничните денови, ликовите од детскиот едукативно-музички серијал „Дајте музика“, се фатија за хумана работа.

Празниците се време за подарување. Играчки, пакетчиња, технолошки уреди се најчесто на листата на желби на најмалите. Но што е она што највистина им е потребно на децата? „ Да го добиеш она што го сакаш, нема да те направи посреќен, ако го немаш она што ти е потребно“ – гласеше пораката на Јован Дукмеџиев кој заедно со останатите јунаци од серијалот „Дајте музика“ го искористија најубавиот период од годината да подарат пред сѐ, многу искрени насмевки на многу детски лица.

Дајте музика во празнична мисија

„Сите деца се еднакви и имаат еднакви права. Секој секому треба да помага и да се дружи, бидејќи вистинските пријателства се најважни во животот“ – порача Филип Поповски од „Дајте музика“ на заедничкото дружење со своите врсници, членови на здружението за хуманоопштествен развој „Проект Среќа“. Наташа, Кики, Саша, Јован, Филип и Тео – освен своите новогодишни желби, на дечињата од „Проект среќа“ им подарија пакетчиња од „Витaминка“ и „Алкалоид“. Тие упатија моќна порака дека секое дете има право да верува во новогодишната магија.

Дајте музика во празнична мисија Дајте музика во празнична мисија

„Ако желбите на децата не се слушнати, не можат да бидат исполнети. Оние деца чии желби се неисполнети ќе престанат да веруваат во моќта на Новогодишните празници. НИЕ не смееме тоа да го дозволиме!“ – порачаа протагонистите од серијалот, продолжувајќи ја својата празничнохумана мисија и во трговскиот центар „Рамстор“ каде им помагаа на волонтерите од „Црвениот крст на град Скопје“ во делењето на подароците од „Новогодишната елка на желби“ наменети за дечињата сместени во згрижувачки семејства.

Дајте музика во празнична мисија Дајте музика во празнична мисија

Од продукциската куќа на проектотот „Дајте музика“ чие емитување на првата сезона беше заокружено минатата недела, велат дека покрај првичната едукативна улога на серијалот низ содржинската матрица, важно е и општественото поведение на ликовите, кои веќе се врснички идоли на голем број деца од различни возрасни генерации.

Дајте музика во празнична мисија Дајте музика во празнична мисија

„Општествената одговорност, хуманоста и позитивните човечки вредности генерално, се изучуваат уште од најрана возраст, а пренесувањето низ врснички дружби е најефикасен начин за нивно усвојување“ – изјави Цаци Паковска, носител на проектот „Дајте музика“. Таа изрази особена благодарност до „Македонската телевизија“ за дадената можност за дружење со протагонистите од серијалот и дечињата од „Проект среќа“, до компаниите „Витаминка“ и „Алкалоид“ за подароците како и до „Црвен крст на Град Скопје“ за можноста да бидат дел од празничната магија.

Дајте музика во празнична мисија Дајте музика во празнична мисија
Tags
Дајте музика

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.