• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Да не го оставиме Јован сам“: Апел за помош на 12-годишно момче без мајка од Делчево чиј татко е хоспитализиран

27 јануари 2026, 13:27
  • cподели

На Јован Лесовски му треба нашата помош за да има достоинствено детство.

12-годишното момче без мајка од Ветрен, Делчево, беше згрижено кај роднини по хоспитализацијата на неговиот татко, кој е алкохоличар. Куќата во која живеат двајцата е во лоша состојба без најосновните потребни работи.

На Ecrowd има апел за помош на момчето, за кое докторот Ненад Лазаров напаша:

Зарем било кое дете заслужува да живее во распадната куќа, во влага и без ништо? 

ДА НЕ ЈА ВРТИМЕ ГЛАВАТА НА СТРАНА

12-годишниот Јован живее во оваа куќа без најосновните потребни работи, без мајка и со татко што се бори со алкохолизам, меѓу другото. Стотици пати докажавме дека заедно можеме, ве молам и повикувам сите да помогнеме на ЛИНКОТ:

Апел за помош на Јован Лесовски

Јован Лесовски има само 12 години и живее во село Ветрен, Делчево. Наместо безгрижно детство, деновите му минуваат во грижа и неизвесност. 

Неговиот татко, поради постоперативни компликации на рана, е повторно хоспитализиран, а Јован во овој тежок период е згрижен кај роднини, без секојдневната грижа и сигурност што му е потребна на едно дете. 

Семејството се соочува со сериозни животни предизвици.

Домот во кој Јован треба да се врати има потреба од реновирање, а недостигаат и основни апарати за домаќинство, како и храна и облека за секојдневен живот. Финансиските можности се ограничени, а состојбата е итна. ⏳ 

Секој ден без поддршка значи дополнителен товар за едно дете. 🙏 Затоа упатуваме апел до сите хумани луѓе, компании и институции – да помогнеме заедно. 

Секоја донација, без разлика дали е финансиска или материјална, значи чекор поблиску до сигурен дом и достоинствено детство за Јован - пишува на Ecrowd.

Tags
апел за помош

Најнови

  • Данијела Димитровска

    Данијела Димитровска со тајна венчавка во црква стапи во брак со 6 години помлад фудбалер

    Tue, 01/27/2026 - 14:43
  • „Да не го оставиме Јован сам“: Апел за помош на 12-годишно момче без мајка од Делчево чиј татко е хоспитализиран

    Tue, 01/27/2026 - 13:27
  • Марго Роби

    Сексапилна во готски стил: Марго Роби во нов моден фазон за филмот „Оркански височини“

    Tue, 01/27/2026 - 12:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.