• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Заболувања

Д-р Никола Христов: Комплетна артериска рeваскуларизација при коронарна болест на срцето

28 мај 2024, 13:03
  • cподели
Жан Митрев

Што е коронарна артериска болест и како се манифестира?

Коронарната артериска болест е предизвикана од атеросклерозата која ги зафаќа коронарните артерии и доведува до стеснување на нивниот лумен или во потешки случаи доведува до нивно комплетно запушување. Во почетниот стадиум на болеста таа се манифестира со градни болки, стегање во градите, гушење, а при напредни фази на болеста, запушувањето доведува до инфаркт на срцето, кој се манифестира со јаки болки, а може да доведе и до опасни аритмии па дури и фатален исход поради прекин на срцевата работа.

Кои се можните решенија?

Третманот на коронарната артериска болест во најраните фази на болеста се состои од превентивни мерки и медикаментозен третман. Додека, во понапредните фази на болеста, потребно е да се преземат поагресивни мерки за спречување на напредокот на болеста и нејзин третман, со цел спречување на инфаркт на срцето и евентуален фатален исход. Во одредени околности и во поран стадиум на болеста, се применува стентирање на коронарните артерии, што претставува инвазивна процедура на поставување на стент во коронарната артерија за да се отвори стеснувањето или запушувањето. Коронарното стентирање е особено важно при акутен миокарден инфаркт, со што се отвора запушената коронарна артерија која довела до инфарктот и на тој начин да се превенираат потешки компликации од инфарктот.

Кога коронарната болест ќе зафати две или повеќе коронарни артерии, се работи за дифузна коронарна болест. Во тој случај единствен избор на лекување е со помош на оперативен третман на коронарната болест, или таканаречена “бајпас” хирургија на срцето. Со бајпас хирургијата се врши премостување на заболениот дел од коронарната артерија – стеснет или запушен. При бајпас хирургијата се користат венски крвни садови од самиот пациент, од левата или десната нога, и истите се поставуваат на срцето, од аортата кон срцето, и затоа и се нарекува аорто-коронарно премостување. Овие венски крвни садови имаат ограничен животен век, по неколку години обично и тие се запушуваат, и затоа мора да се прави реоперација за да се постават нови аорто-коронарни премостувања.

Во болницата Жан Митрев, како стандардна процедура, за овие премостувања на коронарните артерии се користат артерии од самиот пациент, при тоа се користи левата радијална артерија од левата подлактица, и две внатрешни торакални/мамарни артерии, лева и десна. Оваа бајпас операција се нарекува комплетна артериска реваскуларизација (слика 1 и 2). Истата е технички потешка за изведување, меѓутоа предностите и се многукратни. Најголемата предност е фактот дека премостувањата направени со користење на артерии од самиот пациент се многу подолготрајни/доживотни.

Жан Митрев

Научно е докажано дека при користење на левата и десната торакална/мамарна артерија, и после 15 години кај повеќе од 95% од пациентите артериите остануваат проодни, на тој начин се избегнува потребата за реоперација. Втора предност е тоа што се избегнува манипулација на асцедентна аорта кај пациентите, која иста така може да биде зафатена со атеросклероза, на тој начин избегнувајќи компликации од типот на мозочен удар. Како трето се зачувуваат вените на нозете за евентуални премостувања кај заболувања на артерии на нозете, за бајпас хирургија на нозете. За намалува и бројот на оперативни рани, се избегнува оперативниот рез на нозете кој може да даде проблеми со заздравувањето и евентуални инфекциии на тие рани.

Комплетна артериска реваскуларизација од пациенти оперирани во Клиника Жан Митрев

Жан Митрев Жан Митрев Жан Митрев

Комплетната артериска реваскуларизација е стандардна оперативна процедура во Клиника Жан Митрев. За подетални информации околу процедурата може да се обратите на стручниот тим преку закажување консултација на 02 3091 484.

Медицина

Д-р Никола Христов
Специјалист по кардиоваскуларна хирургија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.