• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Интимно

Д-р Ирена Андонова: Хистероскопија – решение за полипи на матката

18 јули 2024, 13:50
  • cподели

Ендометријалните полипи се честа појава кај женската популација. Тие се најзастапениот вид бенигни тумори во шуплината на матката. Понекогаш, иако ретко, дел од нив можат да бидат канцерогени или да се претворат во карцином. Димензиски полипите можат да се движат од неколку милиметри до неколку сантиметри. Исто така, можно е кај една пациентка да се присутни еден или повеќе полипи во матката.

Интимно

Полипите на матката се јавуваат како во периодот на репродукција, така и во постменопаузалниот перид од животот на жената. Иако точната причина за полипи на матката е непозната, хормоналните фактори се чини дека играат главна улога, осoбeно естрогенот.

Не ризикувајте! Побарајте лекарска помош доколку имате:

  • Вагинално крварење по менопаузата
  • Крварење меѓу менструациите, или крварење по сексуален однос
  • Нередовно менструално крварење.

Симптоми при полипи на матката

  • Неправилно менструално крварење – чести, непредвидливи менструални циклуси, различни по времетраење и сериозност.
  • Крварење меѓу циклуси
  • Обилни менструални крварења
  • Вагинално крварење по менопаузата
  • Проблеми со забременување

Решение за полипи на матката

Златен стандард е хистероскопијата. Таа претставува неинвазивна процедура, при што се користи инструмент со камера која се внесува во матката преку вагината без правење рез т.е преку природниот отвор. Со истата се испитува внатрешноста на матката, се идентификуваат полипите и се отстрануваат. Отстранетите полипи потоа се испраќаат на микроскопско хистолошко испитување.

Интимно

Целата процедура трае околу 30 минути и по што истиот ден одите дома. Можете да се вратите на вообичаените активности веднаш, наредниот ден по процедурата. Најдобар период за интервенцијата е веднаш по менструалниот циклус доколку пациентката има менструација.

Може да почувствувате блага болка или грчеви слични на менструалните грчеви. Може да крварите оскудно неколку дена по процедурата.

Доколку полипот содржи канцерогени клетки, вашиот лекар ќе разговара со вас за следните чекори во евалуацијата и лекувањето. Ретко, полипите на матката може да се повторат. Во овој случај, можеби ќе бидат потребни повеќе третмани.

За сите совети, дијагностицирање и следни чекори поврзани со вашето гинеколошко здравје, закажете преглед кај д-р сци. мед Ирена Андонова 02/3091-484

Интимно
Медицина

Д-р сци. мед. Ирена Андонова
Специјалист гинеколог-акушер
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.