• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Дете

Д-р Илина Гаџевска Томулевска: Естетска корекција на уши- Аурикулопластика или отопластика

9 март 2026, 12:48
  • cподели

Аурикулопластика (отопластика) претставува хируршка интервенција од областа на Пластична Реконструктивна и Естетска хирургија со која се врши корекција, ремоделирање на големината, формата и поставеноста на ушната школка (аурикула).

Д-р Илина Гаџевска Томулевска
Д-р Илина Гаџевска Томулевска,  супспец. по пластична реконструктивна и естетска хирургија во Клиника Жан Митрев

Најчест естетски проблем во детската возраст се проминентни односно клемпави уши. Овој естетски проблем во раната возраст често пати поради исмевање од врсниците (булинг) понатаму води кон психолошки проблем кај децата. Од овие причини, се препорачува корекција на ушите да се направи во претшколска возраст.

Аурикулопластиката може да се направи во било која возраст, се препорачува тоа да биде откако ќе заврши растот на ушните школки, односно после 5-тата година.

Оваа хируршка интервенција може да биде извршена во локална анестезија или во општа анестезија во зависност од соработката со детето.

Отопластика

Постојат повеќе хируршки техники, како техники при кој се ремоделира рскавицата на ушната школка со сечење (Cartilage-cutting techniques), техники при кој со поставување на шавови се ремоделира рскавицата (Cartilage-sparing methods), комбинирани техники на ремоделирање на рскавицата со сечење и поставување на шавови (Modern otoplasty favors a graduated approach by combining suture techniques). Со индивидуален пристап на преглед се прави проценка која хируршка техника ќе даде најдобри естетски резултати а при тоа да не дојде до намалување на надворешниот ушен отвор со цел да не дојде до намалување на функцијата, слухот.

Д-р Илина Гаџевска Томулевска

Пациентите постоперативно може веднаш да си одат дома или да останат една вечер во болница.

Заздравување на раните вообичаено е комплетно по две недели, а за еден месец може да се види дефинитивниот резултат. Во првите две недели потребно е пациентот да доаѓа на контроли при што се прават редовни преврски на раните кои се скриени зад ушите. Воедно и лузните ќе бидат скриени зад ушите во природната бора што понатаму овозможува истите да не бидат видливи.

 

Tags
Д-р Илина Гаџевска Томулевска
отопластика

Најнови

  • Fashion Weekend Skopje

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

    Mon, 03/09/2026 - 13:07
  • Предлог за брак на концертот на Сергеј Ќетковиќ: Вљубен дечко ја запроси саканата на сцената

    Mon, 03/09/2026 - 12:51
  • Отопластика

    Д-р Илина Гаџевска Томулевска: Естетска корекција на уши- Аурикулопластика или отопластика

    Mon, 03/09/2026 - 12:48
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.