• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Д-р Емил Стоицовски: Анестезијата е редовна практика во стоматологијата, а сега ја применуваме и во Клиника „Жан Митрев“

22 јули 2024, 14:26
  • cподели

Зошто, како и кога анестезија во стоматолошката пракса, за кого е наменета и што овозможува, како современите средства се користат во стоматологијата и што значи тоа за пациентите. Во Центарот за стоматологија на клиниката „Жан Митрев“ ќе се применува анестезија како редовна пракса за сите пациенти и прецизна дигитална стоматологија, што е новина кај нас и целосно осовременување на стоматолошката пракса. За овие новини разговараме со Емил Стоицовски, специјалист по анестезиологија и реанимација и медицински директор во клиниката „Жан Митрев“.

д-р Емил Стоицовски

Новиот центар за стоматологија во Клиника Жан Митрев е најавен како најсовремен стоматолошки центар. Што значи ова за пациентите, кои и какви современи методи ќе се практикуваат?

Д-р Стоицовски: Здравствените услуги најважно е да ги следат и да ги применуваат современите стандарди и модерните текови. Тоа значи подобра и поквалитетна услуга за пациентите и кон тоа се стремиме. Ова проширување со центарот за стоматологија на клиниката „Жан Митрев“ е токму во насока на создавање оддел со сите услуги од областа на стоматологијата каде ќе се практикуваат најсовремените трендови. Стоматолошкиот центар во склоп на нашата клиника е сосема нов оддел кој ќе биде наменет и отворен за сите пациенти на кои би им бил неопходен ваков тип на услуга, било да се работи за здравствена или естетска потреба. Ортодонцијата, протетиката, естетската стоматологија, оралната и максилофацијалната хирургија, ендодонцијата и имплантологијата се само дел од услугите кои овој центар ќе ги овозможува. Прецизна дигитална стоматологија е еден од новите пристапи што ќе се применува тука и станува збор за најсовремен пристап со врвна 3Д технологија со која што се овозможува за секој пациент одделно да се изработи специфична потребна услуга и со која раководи високо специјализиран и стручен тим. Сите овие практики, нови технологии им овозможуваат на пациентите професионалност, брзина и прецизност во работењето.

Посетата на стоматолог за многумина претставува трауматско искуство, што нѐ спречува за редовна посета. Како да се надмине овој страв од стоматолог посебно за децата, но и за возрасните што понатаму може да биде сериозен здравствен проблем?

Д-р Стоицовски: Примената на анестезијата во стоматологијата не е ништо ново во светот, а сега со новиот Центар за стоматологија во клиника „Жан Митрев“ почнува и кај нас. Анестезијата е дел од редовната стоматолошка пракса поради многу причини. Пред сѐ овозможува леснотија во практикување на сите можни стоматолошки интервенции. Се аплицира и за поедноставни зафати и за покомплексни. Така кај пациентите веќе нема страв, нема нелагодност, ни болка. И не е само тоа, кај некои пациенти, во специфична состојба секој преглед и најмалата интервенција може да предизвика сериозен напад на паника. Секој родител знае колку е тешко и проблематично да се убеди мало дете да биде мирно додека му се поправаат забите и тоа да не создаде животна траума. Овие дози се прилагодени и соодветни на секој пациент одделно и на секоја интервенција одделно. Зборуваме за целосно безбедни и адаптирани анестезиолошки дози. Вака, посетата на стоматолог нема да биде толку трауматична и непосакувана здравствена услуга со самото тоа што ние нудиме поддршка на сите стоматолошки услуги со анестезиолошки тим кој ќе придонесе за потенцирање на комфорноста и намалување на чувството на страв и болка кај пациентот.

д-р Емил Стоицовски

Спомнувате примена на 3Д технологија, што претставува тоа и која е предноста во однос на досегашниот пристап во протетиката?

Д-р Стоицовски: Тоа е уште една од новите практики што ќе се применуваат единствено во стоматолошкиот оддел на оваа клиника. Оваа, нова 3Д технологија служи за скенирање на состојбата на забалото и ќе создава индивидуален план за секој пациент посебно. Според ваквиот 3Д мапинг, ќе се добие најдобар преглед на состојбата и увид во секој дел. Понатаму постапката продолжува со изработка на целосен модел со 3Д принтер потребен за пациентот, а потоа следи индивидуализиран пристап. Ова е уште една од редовните практики во современиот стоматолошки пристап. За секој здравствен проблем потребен е и може да се направи индивидуален пристап и план за лечење и третман. Со нашата 3Д технологија ќе може да се направи пристап за секој пациент одделно и најдоброто решение од сите достапни можности за конкретната проблематика со успешно решавање на истата.

Што недостига во стоматолошката услуга онака како што моментално се практикува во земјава?

Д-р Стоицовски: Во моментот она што недостасува во стоматолошките услуги, а токму тоа ние ќе го овозможиме е 24 часовна покриеност на стоматолошките потреби и патологии. Во кое било време, кога ќе биде потребно, пациентот ќе може да се јави во нашиот центар како би можело да му се пружи веднаш соодветна дијагностика и третман. Вака екипиран, опремен современ центар и постојано достапен, може да понуди пред сѐ квалитет на услуга по сите светски стандарди кој ќе обезбедува чувство на доверба и сигурност кај пациентите, особено децата.

Центарот за стоматологија на клиниката „Жан Митрев“ е отворен за соработка со другите стоматолошки клиники. Значи ли тоа дека другите стоматолошки ординации за своите пациенти ќе може да ги користат методите и технологијата од вашиот центар?

Д-р Стоицовски: Клиниката „Жан Митрев“ е секогаш отворена за соработка со специјалисти од сите специјалности, па така и овој стоматолошки центар нема да биде исклучок. Просторот и опремата ќе бидат достапни за професионални и стручни лица кои би сакале да ги искористат можностите кои ние ги имаме за пациентите кои тие ги лекуваат и следат. Со овој стоматолошки центар отвораме уште едно ново поглавје од нашата мултидисциплинарност, професионалност, квалитет, достапност и сигурност, наменето за сите пациенти.

Извор: mkd.mk

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.