• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Д-р Џулиана Михајловска: Да го третираме дијабетесот со сериозноста што ја заслужува

20 април 2026, 12:59
  • cподели
Д-р Џулиана Михајловска
Д-р Џулиана Михајловска

Секогаш кога се отвора темата за болестите што најмногу го плашат човекот, на прво место најчесто се издвојуваат кардиоваскуларните заболувања. Дијабетесот, пак, често се доживува како состојба која се контролира со терапија и не бара чести проверки, со претпоставка дека лековите ќе ја завршат целата работа околу регулирањето на гликемискиот статус.

Дијабетесот е хронична болест која се карактеризира со намалено лачење на инсулин од панкреасот и/или намалена чувствителност на клетките на инсулинот. Постојат повеќе типови на дијабетес: тип 1, тип 2, гестациски дијабетес, како и поретки форми како MODY и LADA. Најчестиот е дијабетес тип 2.

Дијагнозата на дијабетес тип 2 се поставува врз основа на јасно дефинирани критериуми: во два наврати измерени вредности на гликемија на гладно над 7 mmol/L и вредност на гликолизиран хемоглобин (HbA1c) над 6.5%. Доколку овие критериуми не се исполнети, се спроведува орален глукоза-толеранс тест, кој се смета за златен стандард во дијагностиката.

Дијабетес тип 2 често се развива тивко, со години пред да се манифестира преку лабораториски анализи или клинички симптоми како сува уста, зголемена жед, често мокрење или нарушен вид. Во овој период, вредностите на гликемија може да бидат покачени, но не доволно за поставување дијагноза. Со текот на времето, кога ќе се исцрпат компензаторните механизми на организмот или ќе се појави дополнителен стрес (инфекција, пневмонија, психофизички напор), доаѓа до значително покачување на гликемијата и поставување на дијагнозата.

Во минатото, можностите за лекување на дијабетесот биле ограничени. Денес, изборот на терапија е значително проширен и индивидуализиран. Третманот може да биде орален, инсулински или комбиниран. Оралната терапија опфаќа повеќе групи лекови кои се комбинираат во зависност од потребите на пациентот, таргетните вредности, придружните заболувања и приоритетите во лекувањето (како дебелина, бубрежна инсуфициенција или кардиоваскуларни болести).

Дијабетес

Инсулинската терапија се применува кога оралната терапија не е доволна, кога постојат контраиндикации за нејзина примена (на пример, терминална бубрежна болест) или во акутни состојби како кетоацидоза и хиперосмоларна состојба, како и кај доцно дијагностициран дијабетес во напредна фаза.

Компликациите од нерегулиран дијабетес се сериозни и се делат на микроваскуларни и макроваскуларни. Во микроваскуларните спаѓаат ретинопатија, нефропатија и невропатија, додека макроваскуларните ги вклучуваат срцевиот и мозочниот удар, како и периферната артериска болест.

Главната цел на лекарот е да ја спречи појавата на овие компликации. Сепак, најголемиот предизвик е што покачената гликемија често останува непрепознаена или добро толерирана од пациентите, за разлика од ниските вредности кои даваат поизразени симптоми. Дополнително, пациентите неретко не ја следат редовно гликемијата, се потпираат исклучиво на терапијата или не обрнуваат доволно внимание на исхраната — нејзиниот состав, количина и распоред.

Сето ова создава услови за тивки, но континуирани оштетувања на клеточно ниво, кои со текот на времето кулминираат со сериозни последици.

Најголемиот неуспех за пациент со дијабетес е појавата на компликации, особено кога тие се резултат на недоволна грижа. Тогаш не страда само пациентот, туку и неговото семејство, околината, па и целиот здравствен систем.

Затоа, да се потрудиме секојдневно да градиме успешна животна приказна за секој пациент со дијабетес.

Автор: Д-р Џулиана Михајловска
Специјалист по ендокринологија

Д-р Џулиана Михајловска

Д-р Џулиана Михајловска, специјалист по ендокринологија и раководител на Центарот за дебелина во рамките на Клиника Жан Митрев, ви стои на располагање за совети и третман на сите состојби поврзани со ендокринологија. Закажете го вашиот термин на 02 3091 484

Tags
д-р Џулијана Михајловска
Клиника Жан Митрев

Најнови

  • Д-р Џулиана Михајловска

    Д-р Џулиана Михајловска: Да го третираме дијабетесот со сериозноста што ја заслужува

    Mon, 04/20/2026 - 12:59
  • Први снимки од свадбата на Мелина Џиновиќ додека Харис категорично изјави: „Таа не постои за мене и крај“

    Mon, 04/20/2026 - 12:51
  • Пушење

    Различни пристапи, различни резултати: Што прави Македонија, а што Европа?

    Mon, 04/20/2026 - 12:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.