• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Дете

Д-р Данчо Шурков: Кога е најдобро време за операција на тонзили-крајници?

11 февруари 2025, 00:19
  • cподели

Тонзилектомија и тонзилоаденоидектомија

Тонзилите, познати народно како крајници, се орган сместен во човечкото грло и се дел од имуниот систем на организмот. Тие се орган кој постојано работи на елиминирање на патогени микроорганизми од телото како бактерии, вируси, габи и др. Со тек на време, од различни причини, најчесто поради повторливи инфекции на грлото, стрептококни инфекции или проблеми со имуниот систем, доаѓа до намалување и потполно исцрпување на одбрамбената функција на тонзилите. Така тие стануваат депонија на вируси, бактерии и патогени микроорганизми кои потоа навлегуваат во нашиот организам. Во таа состојба, клетките на останатиот имун систем на нашиот организам, не можат да ги покријат тонзилите односно да навлезат во нив и да го елиминираат тој патоген детритус. Ова може да доведе до континуирани инфекции, воспаленија како на грлото, така и на останати органи во нашето тело.

Во тој случај, препорачуваме отстранување на тонзилите, со што овозможуваме подобра заштита на организмот од патогените микроорганизми.

Воспаление на крајници

Индикации за тонзилектомија

  • чести гнојни инфекции на грлото и тонзилите,
  • присуство на пиоген и бетахемолитичен стрептокок,
  • слип апнеа,
  • чести секреторни отитиси и воспаленија на уши и др.
Воспаление на крајници

Оперативниот третман се прави во општа анестезија, детето останува во болница два до три дена. По отстранување на тонзилите ложите на непцето се оставаат на самостојна регенерација на слузокожата. Тоа е период од 21 ден при што потребно е да се внимава со посебна диета која значи консумирање ладна, бела и мека исхрана во тек на 2-3 недели.

Не постои одредена возраст за одстранување на тонзилите, туку зависи од индикациите и децата над 4 години може да се оперираат.

Најдобро време за отстранување на тонзили е времето кога родителите можат една до две недели да бидат посветени на закрепнувањето на детето.

Закажете ја вашата консултација со специјалист оториноларинголог во „Клиника Жан Митрев“ на 02 3091 484.

Медицина

Д-р Данчо Шурков
Специјалист оториноларинголог
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Најнови

  • Емакуате Вандера Блажески

    „Во Кенија се слави Божиќ со заеднички собири на многу сонце, во Македонија е поинтимен и семеен“: Празнично со Ем Вандера Блажески

    Wed, 01/07/2026 - 17:22
  • Отец Михаил

    „Божиќ нè потсетува дека домот е храм на љубовта… Добрината носи радост, а простувањето ја обновува душата“: Отец Михаил за духовната смисла на Божиќ

    Wed, 01/07/2026 - 00:30
  • Бадник и Божиќ во семејството на Нина и Борко Ристовски

    „Децата ги причестуваме, а божиќното утро е најубавото и прво одиме во црква“: Нина за Бадник и Божиќ во семејството Ристовски

    Tue, 01/06/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.