• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Д-р Чибишев со предупредување откако деца пронашле салама со отров во парк во Скопје

12 јуни 2026, 12:30
  • cподели

Д-р Андон Чибишев изрази длабока загриженост откако во јавноста одекна веста дека деца пронашле расфрлани парчиња салама премачкани со сомнителна бела прашкаста материја во близина на детско игралиште во скопската населба Расадник.

Институтот за судска медицина и криминалистика потврди дека станува збор за пестицидот метомил, за кој познатиот токсиколог вели дека кога е внесен во организмот, предизвикува редица симптоми како отежнато дишење, повраќање, дијареја и дури и нарушена свест.

Д-р Андон Чибишев

Неговата објава во целост:

Силно ме вознемири и загржи веста која ја пренесоа медиумите дека деца играјќи си во парк на територија на Скопје пронашле расфрлана салама која била премачкана со бела прашкаста материја.

Примероците од таа салама биле однесени во Институтот за судска медицина и криминалистика каде е докажано дека се работи за пестицидот  МЕТОМИЛ или во пракса познат како ЛАНАТЕ.

Метомилот е карбаматен инсектицид кој наоѓа своја примена во земјоделието. За жал некои несовесни и бесчувствителни наши сограѓани го користат за труење на бездомните кучиња и мачки.

Се работи за исклучително моќен и опасен отров кој убива за кратко време. Внесен во организмот предизвикува гадење, повраќање, пролив, потење, отежнато дишење, стегање во градите, стомачни болки, нарушување на свеста.

Обично смртта настанува заради парализа на респираторниот и другите витални центри, при што настанува тешко пореметување на дишењето  и работата на срцето.

ВАКА РАСФРЛАНАТА САЛАМА ОД ЉУБОПИТНОСТ МОЖЕ ДА ЈА ИЗЕДЕ И НЕКОЕ ДЕТЕ.

ЗАТОА КРАЈНО ВРЕМЕ Е ИНСИТУЦИИТЕ НА ДРЖАВАТА БЕЗ МИЛОСТ ДА ГИ САНКЦИОНИРААТ ВАКВИТЕ НЕСОВЕСНИ ГРАЃАНИ ДОДЕКА НЕ СЕ СЛУЧИЛА НЕКОЈА ТРАГЕДИЈА.

Информацијата за расфрлениот отров ја соопшти ЈП Лајка, од каде предупредија дека станува збор за високо токсична супстанца која претставува сериозна опасност и за животните и за луѓето, а особено за децата.

Тие апелираат при наоѓање на сомнителна храна, граѓаните да не ја допираат без ракавици, да ги оддалечат децата и животните и да пријават.

Објавата на ЈП Лајка во продолжение:

Неколку дена по масовното труење на кучиња и мачки во Кисела Вода, деца во Расадник пронајдоа расфрлана салама со бела прашкаста материја, во близина на детско игралиште.

По пријава од загрижените родители, ЈП Лајка ја достави храната на токсиколошка анализа во Институтот за судска медицина, а резултатите потврдија дека станува збор за метомил (ланате) - високо токсичен инсектицид забранет за продажба и увоз во Македонија и во земјите на ЕУ.

Потенцираме дека со ова не се загрозува само животот на животните, туку и на граѓаните, а особено на децата. Расфрлањето отрови на јавни површини претставува сериозна опасност по јавното здравје и е кривично дело. Во современите држави злоупотребата на вакви пестициди се третира како еколошки криминал и сериозна опасност по јавното здравје.

Апелираме до граѓаните, доколку забележат расфрлана сомнителна храна на јавни места, да не ја допираат без заштитни ракавици, да ги оддалечат децата и животните и веднаш да пријават во МВР и во ЈП Лајка.

Tags
д-р Андон Чибишев

Најнови

  • Тони Зен

    „Од Аеродром со љубов“: Тони Зен со емотивна урбана химна за неговото маало

    Fri, 06/12/2026 - 12:52
  • „Немаме кола, ќерките носат облека од братучеди“: Македонци кои живеат во Норвешка откриваат како штедат за да патуваат 9 месеци

    Fri, 06/12/2026 - 12:51
  • Д-р Андон Чибишев

    Д-р Чибишев со предупредување откако деца пронашле салама со отров во парк во Скопје

    Fri, 06/12/2026 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.