• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Д-р Андреј Николовски: Рак на дебелото црево – честа, но потенцијално излечива болест

16 јули 2024, 13:22
  • cподели

Ракот (аденокарцином) на дебелото црево е трета по честота малигна болест во светот и најчеста малигна болест на дигестивниот систем. Според GLOBOCAN, во 2020 година, дијагностицирани се 1,9 милиони нови случаи на рак на дебелото црево (вклучително и рак на ректум). Најчест е во Австралија, Нов Зеланд и Европа. А се проценува дека во истата година, околу 930 000 пациенти починале како директна последица на оваа болест.

Жан Митрев

Болеста во почетниот стадиум не дава симптоми, за жал, тие се појавуваат во нејзината напредната фаза. Пациентите најчесто се жалат на промени во начинот на празнење на цревата. Може да имаат запек, течни столици, појава на крв во столицата, општа слабост и болки во стомакот во вид на сечење. Лекувањето на карциомот на дебело црево е во основа хируршко – со операција. Тоа подразбира отстранување на дел од дебелото црево зафатен од туморот при што се врши и реконструкција односно спојување крај со крај на цревото. Со ова, кај најголем број од пациентите се избегнува формирање на стома (ќеса) за празнење на предниот стомачен ѕид.

Операцијата може да се изведе на два начини:

  • Отворено – со рез на предниот стомачен ѕид и
  • Лапароскопски – со мали отвори на стомачниот ѕид и правење на мал рез (околу 5см) низ кој се вади дел од заболеното црево надвор од стомачната шуплина. Ова е минимално инвазивна опција.
Жан Митрев

Во Жан Митрев Клиника, благодарение на новиот лапароскоп со 4К технологија, хирургот добива одлична интраоперативна визуелизација на оперативното поле, додека за пациентите ваквата интервенција има бројни предности во споредба со отворената.

Ова особено се однесува на помала постоперативна болка, побрзо станување од кревет, побрзо проработување на цревата, побрзо напуштање на болницата, подобар естетски ефект и помал ризик за појава на постоперативна хернија (кила) на место на претходна операција.

За да закажете преглед/консултација, јавете се во нашиот контакт центар 02/3091-484

Медицина

Доц. д-р Андреј Николовски
Специјалист по абдоминална хирургија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.