• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Цветна префинетост: Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на црвениот тепих на свеченото отворање на „Браќа Манаки“

19 септември 2026, 23:01
  • cподели

Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на отворањето на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

Гордана Сиљановска-Давкова

Во улога на покровителка, македонската претседателка го прогласи фестивалот за отворен и му ја врачи престижната „Златна камера 300“ за животно дело на данскиот кинематографер Дан Лаустсен.

За свеченото отворање, Сиљановска-Давкова избра елегантен фустан со раскошен цветен принт, кој внесе свежина и боја на црвениот тепих. Креацијата во нежна светлосина нијанса е разиграна со крупни цветови во сина, розова, портокалова и зелена боја, а класичната силуета со нагласена половина и широко здолниште ѝ даде свечен и женствен изглед.

Модното издание го заокружи со светли чевли и минималистички накит, оставајќи цветниот дезен да биде главниот визуелен акцент.

На црвениот тепих беше пречекана од Димитрија Доксевски, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“.

Гордана Сиљановска-Давкова
Гордана Сиљановска-Давкова
Гордана Сиљановска-Давкова
Гордана Сиљановска-Давкова
Гордана Сиљановска-Давкова
Гордана Сиљановска-Давкова
Гордана Сиљановска-Давкова
Гордана Сиљановска-Давкова

По отворањето, Сиљановска-Давкова сподели:

Вечерва, во својство на покровителка, го прогласив за отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и ја врачив наградата „Златна камера 300“ на годинашниот лауреат, данскиот кинематографер, Дан Лаустсен. 

Споделувањето филмски искуства и водењето уметнички дијалог со светски познатите кинематографери, волшебници за и зад камерата, е недовршена книга на засега исткаени 46 приказни, чуени и видени во Битола, градот на татковците на кинематографското ткаење, првите балкански филмски сниматели, браќата Јанаки и Милтон Манаки.

Овогодишното мото на Фестивалот „Ткајачи на филм“ е исклучително силна метафора, оти филмот се ткае од светлина и сенка, од боја и движење, од звук и тишина, од вулкански емоции, оригинални идеи и моќни визии, од минатото, сегашноста и иднината, од традицијата и иновацијата, од искуството на големите мајстори и храброста на новите генерации. 

Наша должност е да го поддржиме, сочуваме и продолжиме ова драгоцено наследство, создавајќи услови новите генерации уметници слободно да творат, експериментираат, поставуваат смели прашања и храбро да ги поместуваат хоризонтите на можностите.

И покрај молскавичните промени, дигиталната поплава и модерните визуелни технологии, човекот и неговата емоција остануваат најважните ткајачи на филмските приказни, како што бабите се највештите ткајачки на килими и шехерезади.
Нека Теона, Тамара, Дина, Косара и Марија поттикнат други авторски таленти и гласови во филмската ткајачка фабрика, нека искуството и мудроста се сретнат со младоста и непослушноста, нека блесне светлата страна на Балканот, Европа и светот и нека помогне во протерувањето на темната!

Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст и вечна љубов кон уметноста.

Tags
Гордана Сиљановска-Давкова
Браќа Манаки 2026
Браќа Манаки

Најнови

  • Гордана Сиљановска-Давкова

    Цветна префинетост: Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на црвениот тепих на свеченото отворање на „Браќа Манаки“

    Sat, 09/19/2026 - 23:01
  • Маја Андоновска-Илијевски со сопругот Ице

    Монохроматска елеганција со доза драматика: Маја Андоновска-Илијевски отмена на „Браќа Манаки“

    Sat, 09/19/2026 - 20:42
  • Хуманитарен пикник на Алкалоид

    Хуманитарен пикник на „Алкалоид“: Нова донација од 2,2 милиони денари за детската клиника „Козле“

    Sat, 09/19/2026 - 16:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.