• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Цветај расцветај, љубов мила, таму горе“: Вереникот на Мартина од Битола која загина во сообраќајка со трогателна порака

27 јуни 2024, 12:10
  • cподели

Тешка сообраќајна несреќа во близина на Солун го одзеде животот на младата битолчанка Мартина Наумовска. Нејзините најблиски со скршени срца тагуваат за загубата на девојката со весел дух.

Нејзиниот вереник Ристе објави трогателна порака и видео во кое ја изведуваат познатата песна „Расцветај“ на Ѓоко Танески.

„Цветај расцветај, љубов мила, таму горе…“ – стои на крајот од неговиот пост.

Погледнете го видеото:

Пред утрешниот ден, денес не можеш да ме сопреш...

Овој ангел не беше тивок, видео кое не ми дозволуваше да го објавам, сега има смисла. Видео кое стои година и пол во драфт спремно да го објавам, сега има смисла зошто не сакаше. Видео кое трае повеќе од 40 минути, друго немам, и секоја песна што е одбрана има смисла, но не ви го давам цело, не сакаше внимание, го добивме наметнато и трагично, затоа го објавувам.

Цел свет знае за тебе душо, а не знае ништо. Покрај душата не беше свесна што поседува, и двајцата пеевме, но таа беше посебна, тивкиот ангел имаше неверојатен ангелски глас кој само јас го слушав, природна музичка интелигенција. Едвај чекав да запееме и скришно снимав. Се договоривме дека еден ден ќе пееме јавно. Ја чувавме среќата само за нас, но сега гледам што значело ова видео, јас во црна маичка, а таа само сенка на нашиот магичен прозорец кој ја имаше Битола на дланка. Беше толку добро да е вистинито, ја чувавме среќата само дома, не ја експониравме, но сепак џабе. Сите знаеја што имаме и ни завидуваа, еве сега ситете се сите душегрижници.

Ристе го нема скриениот дијамант кој го брусеше со години. Ѝ бев најголемата поддршка и гориво во животот, ја охрабрував да си ги цени вредностите. Беше многу храбра и се трудеше но секогаш велеше: ‘нема назад за вас, ѓаволот ве има земено длабоко под контрола’, за жал во право беше. Научете ја лекцијата од чупето, барем малку некогаш сетете се да помогнeте некому без интерес. Не судете, почитувајте се, радувајте се на малите работи, бидете смирени, со молк како ангел ни држеше лекции и се разочаруваше.

Скромен ангелу не сме достојни да зборуваме за тебе, сите сме грешници, секогаш ни велеше: ‘блазеси ви на паметот што го имате, камо јас да можев така’...имам многу да кажувам за тебе но толку е доволно.

Цветај расцветај, љубов мила, таму горе...

Погребот е утре (Среда) во 12 часот.

Мартина Наумовска Мартина Наумовска Мартина Наумовска Мартина Наумовска Мартина Наумовска
View this post on Instagram

A post shared by Riste (@riste.ilj)

Искрено сочувство до семејството.

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.