• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Чудо е што сум жив“: Чарли Шин проговори за зависноста од дрога и алкохол

3 септември 2025, 10:29
  • cподели

Чарли Шин наполни 60 години на 2 септември, но зад него има живот кој малкумина би го преживеале.

Во искрено интервју за списанието People, актерот откри дека е трезен веќе осум години и дека по сè што поминал, вистинско чудо е што сè уште е жив.

Чарли Шин

Холивудската ѕвезда од „Two and a Half Men“ објасни дека за успешна рехабилитација мора да се има волја, а неговата била поттикната од неговите пет деца, кои се најголем фактор што тој е трезен од 2017 година наваму.

„Немаше каде понатаму да одам“ – рече Шин зборувајќи за дрогата, од која се откажал дури и пред да престане со алкохолот. „Не знам дали е вистина или не, но јас верувам дека следниот пат би можела да ме убие.“

Чарли Шин Чарли Шин

Откако едно утро се разбудил премногу пијан за да ја однесе ќерката Сами на закажан преглед, сфатил дека мора да се промени. Чарли вели дека се откажал од алкохолот, решен да стане татко на кој децата можат да се потпрат. Шин има пет деца – Касандра, Сами, Лола, Боб и Макс – и тие станале неговата мотивација.

Чарли Шин Чарли Шин

Иако вели дека не му е лесно, научил како да се справува со искушението.

„Во главата ми се вртат сеќавања на ужасни моменти од минатото, како оние што ги ставаат над бебешки креветчиња“ – раскажал тој. „Кога и да помислам дека би било убаво да се напијам, веднаш се враќам на срамот, хаосот и болката што секојпат следуваа. Тоа никогаш не исчезна“ – додал Чарли.

Чарли Шин

Животната приказна на Чарли Шин ќе биде детално раскажана во автобиографијата „The Book of Sheen“ (која излегува на 9 септември) и во двоен документарец на Netflix – „aka Charlie Sheen“ (10 септември).

Чарли Шин

Сега, Шин ги минува деновите во улога на татко и дедо. Неговата најстара ќерка Касандра, која ја доби на 19-годишна возраст, има три деца.

„Она што е кул е дека нејзините деца ме познаваат само трезен“ – рекол тој и додал дека е благодарен што е жив.

Шин се има предозирано со кокаин еднаш во 1998 година, а неколкупати бил на рехабилитација пред да успее да избега од канџите на зависностите.

Чарли Шин Чарли Шин

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.