• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Чуден свет

Чудна зависност: 25-годишна е возрасно бебе; баба со нокти од 60 сантиметри

18 јули 2011, 13:04
  • cподели

Никогаш не велете дека имате видено сè. Секогаш постои нешто што ќе ве изненади и шокира, особено ако ја гледате емисијата „Мојата чудна зависност“ (My Strange Addiction).

Во шокантната емисија досега се појавиле луѓе кои се зависни од јадење мебел, тоалетна хартија, стакло или прашок за перење, жена којашто тврди дека не може да спие без својот фен, а и жена којашто си ја кубе косата за да може да ги јаде фоликулите и влакната.

Во најновата епизода гостуваа жената што си ги нема сечено ноктите веќе 22 години и 25-годишна која поминува половина од денот како бебе.

Џез Ајсон Синкфилд е 48-годишна баба со вкупно 5,7 метри нокти на рацете. Таа си ги нема сечено ноктите на рацете 22 години, а најдолгиот нејзин нокот е 61 сантиметар.

Џез и нејзините предолги нокти

Таа не може да си ги врзува чевлите, да пишува на тастатура и често не може сама да се облекува, но одбива да ги скрати ноктите. Нејзината опсесија оди до таму што таа ги нарекува свои бебиња. „Не можам да престанам да ги сакам моите деца, па како можам да престанам да ги сакам моите нокти“ – вели таа во интервјуто.

Џез и нејзините предолги ноктиЗа одржување на ноктите Џез плаќа по 250 долари месечно

Но, растењето на ноктите на Џез тешко може да се нарече зависност, затоа што таа во претходни интервјуа изјавила дека ги расте за да може да се запознае со Опра и многу други славни личности.

Другата учесничка во емисијата изјави дека поминува 12 часа од денот буквално како бебе – облечена во бебешка облека, со цуцла во устата и носејќи пелени.

РајлиРајли 12 часа од денот ги живее како бебе

25-годишната Рајли признала дека бебешкиот начин на живот ја смирува и дека носи пелени од 13-годишна возраст. Освен тоа, Рајли всушност не е девојка како што изгледа. Таа била родена како машко, но пред 5 години започнала да живее како жена.

Tags
чуден свет
возрасно бебе
најдолги нокти

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.