• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Популарни јадења

Чоколадно фонду – секси, сладок и едноставен десерт

11 јуни 2010, 08:37
  • cподели

Чоколадното фонду е една од најдобрите идеи за десерт. Одлично ќе се вклопи во вашата романтична вечера или пак можете да го искористите за да ги изненадите вашите пријатели.

Чоколадно фонду и јагодиЧоколадното фонду се приготвува брзо и едноставно

Терминот „фонду“ потекнува од францускиот глагол fondre (да се топи) или fondu (стопено). Постојат различни видови на фонду, најчесто направени од сирење или чоколадо.

Состојки

200mlслатка павлака
350gрендано чоколадо
2 ч.л.бренди, рум, Irish Cream, Kahlua или друг ликер (не е задолжително)
мали парчиња овошје (јагоди, јаболка, банани)

Подготовка

  1. Во мало тенџере или поголемо ѓезве ставете ја слатката павлака и оставете ја да се загрее на умерена температура. Потребни се околу 2-3 минути (не треба да достигне точка на вриење).
  2. Тргнете ја павлаката од оган и со неа потурете го ренданото чоколадо. Оставете го чоколадото 3 минути за да омекне.
  3. Растопете го чоколадото со мешање. Треба да добиете хомогена смеса.
  4. Доколку чоколадото не се растопи убаво (зависи од типот на чоколадо што го користите), растопете го на пареа. Ако немате соодветен сад за готвење на пареа, користете обично тенџере. Препорачливо е или тенџерето да го држите во воздух над жешка рингла или ринглата да е загреана на минимална температура и да го ставите директно врз неа.
  5. Во растопеното чоколадо ставете ги двете лажички ликер или алкохол по избор и повторно промешајте.
  6. Послужете веднаш по приготвувањето, додека е топло.

Дополнително: по желба, во чоколадното фонду можете да додадете исечкани бадеми, ореви или лешници.

Чоколадно фонду и различни овошјаКомбинирајте го чоколадното фонду со омиленото овошје

Чоколадното фонду не само што е еден од најдобрите десерти, туку е и едноставно и брзо за приготвување, а вкусно и забавно за јадење.

Tags
фонду
чоколадо
десерт

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.