• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

Четврта сезона на dm еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“: Пријавете се и бидете дел од најмасовната акција за пошумување досега

5 ноември 2025, 13:03
  • cподели

Компанијата dm дрогерие маркт со гордост го најавува четвртото продолжение на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“–најмасовната акција за пошумување досега! На 23 ноември 2025, dm заедно со партнерите Македонско Еколошко Друштво (МЕД) и ЈП Национални шуми ве покануваат да се приклучите на масовното пошумување во с. Калапетровци во околината на Штип.

View this post on Instagram

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Пошумуваме заедно за позелено утре

Овој традиционален еколошки проект, кој dm го започна во 2022 година, до денес вроди дури 100.000 засадени дрвја на повеќе локации низ нашата земја – во Велес, во близина на езерото Младост, во околината на скопско Миладиновци и во близина на опсерваторијата Кокино.

Оваа година во с. Калапетровци во околината на Штип, целта е доста амбициозна – ќе се засадат дури 50.000 нови стебла, а вкупниот број од почетокот на проектот ќе достигне импресивни 150.000 засадени дрвја! Со оваа акција, ќе се направи уште еден голем чекор кон позелено утре за сите нас.

Компанијата dm обезбедува организиран превоз, опрема за садење, и освежителна закуска за сите учесници. Придружете се на масовното пошумување со пополнување на оваа пријава. Пријавувањето трае до 20 ноември, односно додека не се пополнат обезбедените места.

Главниот мотив за започнување на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре” лежи во стратешката определба на dm, која постои уште од самото основање на компанијата придонесувајќи кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации преку зачувување и обновување на шумите, кои се главен извор на кислород и симбол на животот.

Пошумуваме заедно – придружете се и станете дел од промената за позелено утре!

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.