• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Челична волја: Маж со неизлечлив рак го заврши триатлонот „Ајронмен“

5 ноември 2024, 10:10
  • cподели

Постојат луѓе кои одушевуваат со својата челична волја и покрај големите животни предизвици.

50-годишен маж, кој боледува од неизлечлив рак, го заврши познатиот триатлон „Ајронмен“ и неговата приказна инстантно се распространи ширум светот.

Џонатан Паскал

Џонатан Пасквал доби многу охрабрувачки зборови и пофалби што смогна сили за да ја заврши ја заврши предизвикувачката трка Ironman World Championship и да си ја исполни најголемата животна желба.

И покрај здравствените проблеми, инспиративниот маж исплива 3,8 километри, извози со велосипед 180 километри и истрча 42 километри.

Видео:

Џонатан Паскал Џонатан Паскал

Во 2022 година, Пасквал ја доби страшната дијагноза дека боледува од редок рак (mediastinal paraganglioma) во четврт стадиум, кој се проширува во белите дробови и коските. Тогаш, докторите му прогнозирале на Џонатан пет години живот.

Пасквал еднаш се има изборено со оваа опака болест. Во 2007 година нему му бил дијагностициран тумор на мозокот, кој бил отстранет со операција.

Џонатан учествува на Ајронмен триатлоните уште од 1999 година, но со влошувањето на симптомите, сега му било многу тешко да ја заврши трката.

„Ако трчам многу брзо или силно, пулсот ќе ми се вивне до небо и ќе ми се врти, а може и да се онесвестам“ – признал Џонатан. Тој вели дека најтешкиот дел од натпреварот му било пливањето.

Џонатан Паскал Џонатан Паскал Џонатан Паскал Џонатан Паскал

Пасквал сака да им пренесе малку храброст и сила на сите други луѓе ширум светот кои се борат со рак. Тој порачува дека никој не треба да се плаши да побара помош кога војува со смртоносна болест.

Џонатан Паскал Џонатан Паскал

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.