• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Царскиот рез не е полесниот начин на породување“: Мајка на три деца вели дека секој начин на раѓање е чудо

6 април 2021, 09:11
  • cподели

Мајките кои се породиле со царски рез честопати се соочуваат со зајадливи коментари дека не ги родиле нивните деца, туку дека некој ги извадил од нив. Таков е случајот со блогерката Ана, која се залага за подобрување на менталното здравје кај мајките.

Ана е мајка на три момчиња родени со царски рез. Откако била мета на таков коментар кој направил да се чувствува лошо поради начинот на кој ги родила бебињата, таа одлучила да напише текст на Instagram.

Воедно, април е месец за подигнување на свеста за царскиот рез, па сè повеќе мајки го креваат својот глас за да апелираат дека тоа не е „полесниот начин“ на породување и дека многу често е неопходен.

Царски рез

Царските резови често имаат лоша репутација. Тие се сметани за „полесниот начин“ на породување, што се разбира не е точно – особено кога е медицински неопходно и вклучува повеќе ризици.

Царскиот рез е голема абдоминална операција, која носи свои потенцијални компликации. Ова може да вклучува зголемен ризик од инфекции, згрутчување на крвта, силни болки, подолг период на закрепнување и дури и дополнителни болнички посети.

И покрај тоа, на мајките може да им биде создавано чувство како всушност да не ги родиле нивните деца. Некој еднаш ми рече: „Ама ти не роди, ти го извадија бебето од тебе“. Тоа боли. Се чувствував како нешто да ми беше одземено во тој момент... се чувствував помалку вредна.

Но, раѓањето е ПОВЕЌЕ од тоа како бебето излегло од телото. Целокупното искуство на породување – пред, по и за време на раѓањето – е она што е важно.

Сите мои бебиња се родени со царски рез – тоа не беше нешто што го планирав или за коешто се подготвував првиот пат, но беше неопходно за безбедно раѓање на моите бебиња. Со моето прво бебе се пораѓав 12-15 часа без никаков напредок над 4 сантиметри. Тогаш сфатија дека моето бебе е карлично поставено и дека му треба помош за да излезе. Ме надвладеаја емоции кога ги слушнав вестите. Но, еден час подоцна, моето синче се роди и јас се вљубив.

Со моето второ дете одлучив дека најбезбедниот начин за мене е породувањето со царски рез. Исто беше и за моето трето дете.

Без разлика дали е вагинално или со царски рез, секој начин на породување е чудо и претставува раѓање.

Ана

Епидурална. Катетар. Сечење и отворање на стомакот. Вадење на органите. Лузна за да ме потсетува како безбедно ги родив моите деца.

Моето тело не ме изневери.

Можеби не беше она што го планирав, но ова е моја приказна. Царскиот рез Е раѓање.

Царски рез
View this post on Instagram

A post shared by Ana | Pregnancy & Postpartum (@mommysbundle)

Tags
царски рез

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.