• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Camera“ – спотот за новата песна на Ед Ширан снимен само со iPhone во Хрватска

12 септември 2025, 12:40
  • cподели

Ед Ширан го објави долгоочекуваниот осми студиски албум, насловен „Play“.

По тој повод, на својот YouTube канал го сподели и спотот за новата песна „Camera“кој го сними заедно со ѕвездата од серијата „Bridgerton“, актерката Фиби Дајневор.

Романтичниот видеозапис е сниман само со iPhone на островот Хвар во Хрватска, а во него се пресоздадени клучни моменти од неговата љубовна врска со сопругата Шери.

Ед Ширан

Погледнете го:

За идејата за спотот, Ед напиша:

„Оригиналната идеја за моето музичко видео за ‘Camera’ беше да користам приватни домашни снимки од клучни моменти од мојата врска со Шери. Но, како што знаете, ние сме многу приватен пар и некои работи сакавме да ги задржиме само за нас. Затоа рекреирав неколку важни моменти од нашата врска за музичкото видео со прекрасната Фиби Дајневор. Снимањето на ова видео беше забавно, целиот процес изгледаше како одмор. Сè беше снимено со iPhone, а режијата беше на прекрасниот Емил Нава. Се надевам дека ќе ви се допаднат и песната и видеото, двете ми значат многу“.

Ед Ширан Ед Ширан

Албумот „Play“ се состои од 13 песни. Првата од нив, „Azizam“, беше објавена во април оваа година.

Најнови

  • Дуа Липа

    Отмена невеста: Дуа Липа се омажи, блесна во дамски стајлинг со шешир

    Sun, 05/31/2026 - 18:00
  • Изјава на Групацијата за производство на цигари при Стопанската комора на Македонија за предлог-законот за заштита од употреба на тутунски производи или сродни производи

    Sat, 05/30/2026 - 19:57
  • Ruins

    Светска премиера на документарниот филм „Руини" на Елена Чемерска на Shanghai International Film Festival

    Sat, 05/30/2026 - 19:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.