• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Бунт на научниците во ЕУ: Опасно е цигарите да се стават во ист кош со вејповите

11 март 2026, 12:26
  • cподели
Вејп

Група европски научници јавно се спротивставија на ставовите на еврокомесарот за здравство Оливер Вархеји, кој најави можност Европската унија да ги изедначи даночните политики за цигарите и алтернативните никотински производи.

Според нив, ваквиот пристап би ги игнорирал разликите меѓу традиционалните тутунски производи и алтернативите како никотинските ќесички, електронските цигари и уредите за загревање.
Поради тоа, 23 експерти испратија отворено писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во кое предупредуваат дека ваквите изјави и политики може да имаат сериозни последици и да ја нарушат дебатата околу стратегиите за намалување на пушењето.

„Ние не тврдиме дека овие производи се „безбедни“ или „безопасни“, туку само дека тие се, без никакво сомневање, многу помалку штетни од цигарите“, пишуваат истражувачи од институции како што се Империјал колеџ во Лондон, Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, Универзитетот во Женева и во Лувен, заедно со експерти како Дејвид Нат, Питер Хајек, Жан-Франсоа Етер, Карл Лунд и Клајв Бејтс.

Во писмото, тие го цитираат германскиот Федерален институт за проценка на ризик, според кој „научните студии покажуваат дека самите електронски цигари се многу помалку опасни од конвенционалните цигари“. Дополнително, наведен е и заклучокот од францускиот Национален институт за карцином, кој тврди дека „кога пушите електронски цигари, ароматизираната течност (која може да содржи никотин) се загрева и се претвора во капки од пареа и воздух и на овој начин, ги избегнувате повеќето канцерогени супстанции што се наоѓаат во цигарите“.

Во писмото се истакнува и мислењето на Кралскиот колеџ на лекари од Лондон, според кој, користењето на вејпови ги изложува корисниците на многу потесен опсег на токсини отколку пушењето на цигари, додека нивоата на токсини апсорбирани од вејповите се генерално ниски. Исто така, додаден е и заклучокот на Комитетот за токсикологија на Велика Британија, кој оценува дека „употребата на орални никотински ќесички, како замена за пушење цигари, веројатно е поврзана со намалување на вкупниот ризик од негативни здравствени ефекти“.

Научниците апелираат европските власти да го имаат предвид увидот на американскиот професор Мајкл Расел од 1976 година, кој истакнал дека „луѓето пушат поради никотинот, но умираат од катранот“. Истражувачите сугерираат Брисел да го следи американскиот стратешки пристап, на раководството на Агенцијата за храна и лекови на САД, кој се води од идејата дека никотинот не е примарна директна причина за болести и смрт што произлегуваат од пушењето, туку тоа се токсините од чадот од цигарите. Агенцијата оценува дека „никотинот, иако не е бениген, не е директно одговорен за ракот предизвикан од тутун, заболувањата на белите дробови и срцевите заболувања што убиваат стотици илјадници Американци секоја година“.

„Неправилното разбирање на ризикот ќе доведе до прекумерна регулација на производите што Европејците сакаат да ги користат за да ги намалат ризиците поврзани со сегашното пушење и идното пушење. Опасноста води кон низа предвидливи несакани последици: (i) повеќе пушење отколку што би имало инаку; (ii) поголема нелегална трговија и преземање на пазарот од нелегални производи со никотин со руско или кинеско потекло, кои понекогаш се снабдуваат преку криминални мрежи; (iii) низа потенцијално ризични заобиколни решенија од страна на потрошувачите и добавувачите што можат да го зголемат вкупниот ризик и да ги поткопаат регулаторните цели“, предупредуваат научниците.

Тие потенцираат дека предвидените мерки можат да наштетат и на важните цели за јавно здравје на ЕУ поврзани со ракот, односно на Планот на Европа за борба против ракот и Планот за кардиоваскуларните заболувања. Според овие два плана, пушењето е главен фактор на ризик што може да се модифицира, преку практични технологии кои овозможуваат миграција кон употреба на никотин со низок ризик.

„Раководството на Комисијата, или другите институции, мора брзо да дејствуваат за да ги исправат опасните, лажни и заведувачки изјави дадени од комесарот Вархеји и да обезбедат дека креирањето политики се темели на здрава наука, бидејќи тие можат да спасат или да загрозат животи на милиони граѓани на ЕУ. Во основа, европските институции можат да го поддржат ставот на комесарот или можат сериозно да ги сфатат своите одговорности за креирање политики. Тие не можат да ги сторат и двете“, истакнуваат експертите.

Дебатата се покрена во ист период кога и македонските власти имаат намера да усвојат нов Закон за заштита од пушење. Домашните власти со предлог текстот ја поистоветуваат употребата на цигари и на алтернативни никотински производи, па дури и ја забрануваат продажбата на ароматизирани производи, за кои постојат се повеќе информации дека се предмет на нелегална трговија во Македонија.

Најнови

  • Кампања „Здравје без стигма“ на Клиника Жан Митрев

    Mесец посветен на едукација, превенција и грижа за женското здравје во Клиника Жан Митрев

    Wed, 03/11/2026 - 12:58
  • Вејп

    Бунт на научниците во ЕУ: Опасно е цигарите да се стават во ист кош со вејповите

    Wed, 03/11/2026 - 12:26
  • Лука Дончиќ ја раскина свршувачката, ќе се бори за старателство на децата кои ги нема видено со месеци

    Wed, 03/11/2026 - 11:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.