• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бруклин Бекам зборуваше за кавгите во семејството и ја пофали сопругата: „Многу ме поддржува, среќни сме“

26 септември 2025, 08:47
  • cподели

Бруклин Бекам се отвори за животот со сопругата Никола Пелц и за начинот на кој се справува со постојаните шпекулации за раздор во неговото семејство.

26-годишниот син на Дејвид и Викторија уште еднаш застана во центарот на вниманието кога минатата недела не му го честиташе роденденот на брат му Ромео и не присуствуваше на неговата прослава.

Во неодамнешно интервју за Daily Mail на голф турнир, Бруклин даде ретка, но искрена изјава за тоа како се справува со негативните коментари и медиумското внимание.

„Секогаш ќе има луѓе кои ќе кажуваат негативни работи, но имам сопруга која многу ме поддржува. Ние само си го живееме животот, ги држиме главите наведнати и работиме. Среќни сме“ – рече тој.

Бруклин Бекам Бруклин Бекам Бруклин Бекам

Веќе со месеци наназад се зборува за тензија и кавги меѓу него и родителите. Неговото отсуство од важните семејни собири, како и тоа што не ги покани родителите на обновувањето на заветите со Никола, беше доволна причина за шпекулации во медиумите и јавноста.

Бруклин Бекам

Сепак, Бруклин во интервјуто додаде дека никогаш не се грижи за тоа што велат луѓето или што се пишува за неговиот личен живот.

„Секогаш ќе се зборуваат глупости. Јас само се трудам и го правам ова, играм голф со пријатели. Забавно е“ – додаде тој.

Бруклин Бекам

Бруклин учествуваше на голф-турнир во Њујорк. Иако неговиот тим од Европа беше убедливо поразен, Бруклин го доживеа настанот како позитивно искуство.

„Имав чувство дека американската публика воопшто не ме сакаше, но беше неверојатно. Ми довикуваа разни работи, но очекував такво нешто. Сепак, игравме во Њујорк... само се смееја. Но, тоа е тоа, јас си се забавував“ – рече тој.

Многумина очекуваа дека ќе остане во Њујорк за натпреварот на клубот на татко му, Интер Мајами, но Бруклин најави враќање во Лос Анџелес.

„Морам да се вратам. Ја оставив сопругата сама со нашите четири кучиња, па треба да ѝ помогнам и да се вратам на работа“ – заврши тој.

Бруклин Бекам Бруклин Бекам

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.